27 03 2017 albiz vesti

АЛБИЗ ја започнува фудбалската лига на мал фудбал

Фондацијата за развој на образование и култура АЛБИЗ во сабота, на 1 април 2017 година, со почеток на 10 часот во Основното училиште „Дитуриа“- Сарај, ќе ја започне Фудбалската лига во мал фудбал.

Оваа лига е наменета за учениците на основните училишта во општината Сарај, и тоа од шесто до деветто одделение. Ќе се спроведат 28 натпревари и ќе биде прогласен победник Натпреварите ќе се одржуваат секоја сабота во исто време, седум недели по ред. Оваа лига ќе заврши на 13 мај 2017 година.

Овој проект е дел од културно-спортската платформа на Фондацијата кој има за цел да го промовира спортот, да поттикнува пријателство и комуникација помеѓу учениците, како и да се промовира здравиот начин на живеење преку спортот.

АЛБИЗ е корисник на институционален грант на Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор