[Aggregator] Downloaded image for imported item #44008

✨ УСПЕШНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИ ЗА КУРС ЗА ШМИНКА  ✨

На 30.01.2026 година, во Скопје, со особено задоволство го одбележавме завршувањето на курсот за шминка преку свечено доделување на сертификати на учесничките кои успешно ја комплетираа обуката.

Курсот започна на 29.10.2025 година и беше насочен кон стекнување практични и теоретски знаења и вештини од областа на професионалната шминка, со фокус на креативноста, техниката и самодовербата на учесничките. По успешно завршување на програмата, курсистки се стекнаа со сертификати како потврда за нивниот труд, посветеност и напредок.

Овој настан претставува уште еден чекор кон јакнење на вештините и можностите за личен и професионален развој на жените, како и поттик за нивно активно вклучување на пазарот на трудот.

Им честитаме на сите курсистки за нивната упорност и мотивација и им посакуваме многу успех и нови професионални достигнувања во иднина. 💄✨

Организиравме во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“ – Скопје, во соработка со проектните партнери „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ – с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“ – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението “Секогаш Соживот не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за мултикултурна афирмација и едукација на жените и младите во руралните средини СЕКОГАШ СОЖИВОТ с.Канатларци, Прилеп

Продолжи со читање

  • Честит 8ми Март

    На ден пред меѓународниот ден на жената 8ми Март, на 7.3.2026 год. (сабота) извидниците од Велес изработија честитки кои ќе бидат доделени на своите мајки, баби и тетки, а и на сограѓанките на Велес. Со ова членовите на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес ке го честитаат празникот 8ми март…

  • 28 години братско живеење

    Пред дваесет и осум години, на 7 март во 1998 година на свечената Академија одржана во Големата сала на Општина Велес, а по повод 45 годишнината на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес се изврши збратимувањето на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ со извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш – Република…

  • Клучната улога на образованието во промоција на одржливинавики за управување со био отпадот

    Со зголемувањето на еколошките предизвици, важноста на едукацијата за управување со отпад станува сè поголема. Човечките активности значително придонесуваат за деградација на животната средина, со последици како глобално затоплување, загадување на водите и почвата и губење на биодиверзитетот. Иако технологијата и политиките играат значајна улога во решавањето на овие проблеми, образованието останува клучен инструмент за […]

  • „Снаоѓање“ или корупција? Неформални плаќања, врски и подароци во здравствениот систем

    Овој извештај е подготвен во рамките на проектот „Посилни системи, поправедна грижа: елиминација на корупцијата во здравството“. Целта на овој 18-месечен проект е да се идентификуваат проблеми со корупцијата во здравствениот систем на Северна Македонија и преку поттикнување поголема транспарентност, отчетност и родово чувствително управување да се унапреди еднаквиот пристап…

  • Повик за прибирање на понуди за сместување и одржување на обуки

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и пристапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при…

  • Повик за ангажман на Експерт/Експертка за едукација на новинари и известување за корупцијата во здравството

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и пристапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор