Mali akciski Q4
|

Новите грантисти во главно ќе влијаат на локалните политики

Комисијата за избор на грантови ги оцени 56-те концепти кои организациите ги поднесоа во четвртиот круг од повикот за мали грантови на Цивика мобилитас (ЦМ-МАК-02).

Избраните 11 грантисти ќе работат на зголемување на учеството на граѓаните, а особено на младите, во локалните политики, а исто така ќе работат на поголема соработка меѓу граѓанските организации со единиците на локалната самоуправа. Покрај тоа, тие ќе ја подигнат свеста за пчелите и ќе создадат градини кои привлекуваат пчели; ќе работат на зголемување на понудата за еко туризам преку зголемување на младинската вработеност; ќе помогнат да се сведат на минимум неискористените јавни објекти; а ќе одржат и инклузивен драмски перформанс. Дел од организациите препознале дека последиците од КОВИД кризата допрва ќе ги чувствуваме во сите сфери на општеството. Затоа нивните активности ќе се однесуваат на изработка на општинска стратегија за справување со здравствени закани, преглед на фискалните опции на општините за справување со ефектите од КОВИД-19, како и административна и логистичка поддршка на граѓаните кои се затекнати во други држави.

Добитници на мал грант се следните организации:

  • Здружение на граѓани Свет на различни а еднакви со проектот „КУМ ТЕОДОС 2020 – инклузивен драмски перформанс “;
  • ДИЈАЛОГ- Центар за делиберативна демократија – Прилеп со проектот „Испразнето гнездо“;
  • Регионален центар за одржлив развој – Кратово со проектот „Eфективна локална самоуправа – интерес на граѓаните“;
  • Здружение на граѓани за заштита на правата и интересите на вработените во државната администрација и заштита на државниот имот „Праведни и професионални“ Скопје со проектот „Јакнење на капацитетите за добро управување и евидентирање на државниот недвижен имот “;
  • Пчеларско здружение „Пчела“ Куманово со проектот „Здрава животна средина за сегашните и идните генерации “;
  • Здружение на лешникари Еко лешник с. Драслајца, Струга со проектот „Граѓани за развој“;
  • Здружение за екологија и унапредување на културата и спортот, Ростуше Мавроро и Ростуша со проектот „Младите за Маврово“;
  • Центар за информативна и логистична поддршка на граѓаните „Нов контакт“ – Скопје со проектот „Инфо мигрант 2020“;
  • Центар за добро владеење и интегритет – ХАБ, Скопје со проектот „Општинска стратегија за заштита од Ковид-19 и други пандемски закани-поддршка за општинскиот штаб за заштита и спасување“;
  • Здружение за афирмација на културата „Багер Генезис 2.0“ Струга со проектот „Граѓаните во нашиот град, главни актери или неми статисти“;
  • Центар за економски анализи Скопје со проектот „COVID-19 и општините во Северна Македонија: Ќе бараат ли општините нови финансиски средства преку задолжување кај централната власт?“.

Акциите на новите грантисти ќе се однесуваат на миграција, децентрализација, транспарентност, лица со посебни потреби, развој на граѓанското општество, животна средина, добро владеење и владеење на правото.

Проектите ќе се спроведуваат во Струмица, Неготино, Скопје, Прилеп, Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане, Куманово, Маврово и Ростуша и Струга. Четири од поддржаните проекти ќе се спроведуваат на национално ниво.

Вкупниот буџет на поддржаните акции во овој квартал изнесува 3.584.300 денари.

Повикот за аплицирање за мали грантови останува отворен до 30 јуни 2022 г. Концептите може да бидат доставени во кое било време до овој датум. Комисијата за избор на малите грантови ќе носи одлуки на квартално ниво.

Продолжи со читање

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

  • Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

    Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас. Истиот ден,…

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

  • Граѓанското учество е право и одговорност на сите

    Во фокусот на овој број на Граѓаните за промена е граѓанското учество. Тема која граѓанските организации и во овој квартал не само што ја дискутираа туку и ја практикуваа. Колегите од ПроЛокал, од Битола, тоа го правеа на регионално и на локално ниво, во цела Пелагонија. Заедно со партнерите од…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор