20200203 AKT 05 povik mk

Известување за поместување на одлуки

Почитувани колеги од Цивика мобилитас заедницата,

Во однос на развојот на ситуацијата со Коронавирус пандемијата, по прогласувањето на вонредната состојба и со тоа неможност за продолжување на дел од редовните активности,  програмата Цивика мобилитас ве известува (покрај одложувањето на планираните настани во овој период, преминувањето на „работа од дома“ и препорачувањето на истото до грантистите на програмата) за поместување на одлуки и продолжување на рокови во однос на повиците за грантови:

  • Се одлoжува одлучувањето по однос на апликациите за Акциски грантови (ЦМ-АКТ-05), за најмалку еден месец (од крајот на март, за крајот на април);
  • Последователно, новиот повик за институционални грантови нема да биде објавен пред одлуката за акциските грантови (поради поврзаност на условите за подобност);
  • Се одложува последниот рок за актуелната рунда мали грантови – наместо 31.03, најмалку до 30.04. Пријави за мали грантови може и натаму да се доставуваат, но нема да бидат оценувани пред нормализација на состојбата (засега најрано по 01.05).

Тимот на Цивика мобилитас

Продолжи со читање

  • На граѓанскиот и бизнис секторот им се потребни партнерства за одржлива соработка

    „Од краткорочни донации кон долгорочни партнерства“! Ова беше главната порака на работилницата „Зајакнување на соработката помеѓу приватниот сектор и граѓанското општество“, што се одржа на 10 јуни во Скопје. Повеќе од 20 претставници на граѓански организации разговараа за тоа како соработката со компаниите може да се развие во одржлив модел…

  • Кодексот за граѓански организации како алатка за критика и пофалба од сопствената фела

    На 2 јуни 2026 година, во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), тимот на Цивика мобилитас јa организираше првата работилница посветена на унапредување на спроведувањето на Кодексот за граѓански организации. Работилницата ги собра грантистите на Цивика мобилитас од Скопје, Куманово, Тетово и Гостивар, кои дискутираа за можностите за…

  • Мониторинг посетите ја потврдија одржливоста на партнерствата и резултатите од грантовите

    Во периодот од 8 до 21 мај, тимот на Цивика мобилитас реализираше посети за мониторинг на организациите корисници на  грантови. Посетите се одвиваа во просториите на организациите носители на проектите, а на средбите најчесто присуствуваа и претставници на партнерските организации. Со оглед дека најголем дел од проектите влегуваат во завршна…

  • Старо-новите предизвици на граѓанскиот сектор

    Предлог – Законот за здруженија и фондации, односно коментарите и предлозите поврзани со него предизвикаа повеќе дебати во граѓанскиот сектор во  почетокот на годината. Ова беше и разбирливо ако се има предвид дека станува збор за основниот закон според кој функционираат граѓанските организации. Поднесените околу 130 коментари многу јасно го…

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

  • Придонесот на граѓанските организации во медиумската слобода

    „Обликување иднина во мир“ е глобалната порака под која оваа година се одбележува 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на улогата на новинарството во заштитата на човековите права, демократските процеси и јавниот интерес. Денот се одбележува од 1993 година, по одлука на Обединетите нации и препорака…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор