Javni nabavki vo vreme na korona

Итните јавни набавки поврзани со заштита од коронавирусот COVID-19

Состојбата со новиот коронавирус Covid-19 и прогласената вонредна состојба во земјава наметнуваат потреба од итни набавки на стоки, услуги и работи поврзани со заштита и превенција на ширењето на заразата од овој вирус. Овие набавки, во согласност со Законот за јавни набавки, се спроведуваат со директно преговарање со фирмите, односно преку постапка со преговарање без објавување оглас, за што на институциите не им е потребно ни претходно мислење од Бирото за јавни набавки.

Вонредноста на состојбата, општиот недостиг на неопходните производи и брзината со која се спроведуваат набавките го зголемуваат ризикот од корупција при примената на оваа, и онака нетранспарентна постапка за јавна набавка. И добавувачите, знаејќи дека институциите се во тесно и немаат голем избор, можат да го искористат овој период за зголемување на цените над вообичаените и реалните.

За да се стесни просторот за можна злоупотреба на и онака скромните јавни ресурси, потребно е да се вложат максимални напори за зголемување на транспарентноста, отчетноста и рационалноста на овие набавки. 

Главни наоди 

  • Заклучно со 5 април 2020 година, објавени се вкупно 17 известувања за склучен договор и 12 одлуки дека е направен избор на најповолна понуда и дека ќе се склучи договор. Важноста од објавувањето на овие два документи произлегува оттаму што тие се единствениот извор на информации за овие набавки, за кои, во согласност со Законот за јавни набавки, не се објавува ниту оглас, ниту тендерска документација. 
  • Во половина од склучените договори за итни набавки се преговарало само со една фирма. Разбирливо е дека итноста од одредени набавки во дадени ситуации ги оневозможува институциите во преговорите да вклучат повеќе фирми. Но, и во овие вонредни околности треба да се вложуваат максимални напори и да се настојува во преговорите да се вклучат повеќе добавувачи како единствена гаранција дека јавните пари ќе се трошат рационално.
  • Се забележува дека цените за слични производи се значително различни во зависност од тоа дали институцијата преговарала само со еден понудувач или вклучила повеќе понудувачи од кои го избрала најповолниот. Така, на пример, една институција купила хируршки трослојни маски за 32 денари, а друга – обични маски за 35 денари. Првата вклучила осум понудувачи, а втората само еден. Некоја институција, пак, платила 3,9 денари за една заштитна ракавица, иако најчестата малопродажна цена на ракавиците дури и во вакви пазарни услови изнесува 3,5 денари.
  • Дел од објавените договори за итните набавки не содржат детален опис на набавените производи, со што се оневозможува проверка на рационалноста на потрошените пари. Имено, има договори во коишто стои само дека се набавиле „маски“ или „ракавици“, без да се прецизира за какви точно станува збор бидејќи, во зависност од видот и од нивните карактеристики, цената може многу да варира. Така, на пример, само кај маските, прави разлика дали се хируршки, платнени, повеќеслојни, за една или за повеќе употреби.  
  • Бидејќи рокот на испорака е еден од најзначајните елементи во овие набавки, од клучно значење е строгото придржување кон кратките рокови што се наведени во договорите, коишто во две третини од анализираните договори се „веднаш“, а во сите останати не се подолги од три дена. 

Препораки

Имајќи предвид дека се очекува итните набавки поврзани со новиот коронавирус да бидат пообемни и по број и по вредност, а јавните ресурси ограничени, особено е важно институциите да настојуваат да ја добијат најдобрата вредност за потрошените пари. За таа цел, следењето на досегашните набавки упатува на потребата од следниве препораки: 

  • Навремено да се објавуваат известувањата и склучените договори за набавките поврзани со заштита и превенција на ширењето на заразата од вирусот COVID-19, најдоцна 10 дена од склучувањето на договорот;
  • Да се информира јавноста и за одлуките за склучување договори за итна набавка, преку објавување и на т.н. известување за доброволна претходна транспарентност;
  • Да се вклучуваат повеќе фирми во преговарањето, бидејќи причината за преговарање е итноста, а не заштитата на ексклузивното право на одредени фирми;
  • Да се искористи процесот на преговарање за постигнување разумни цени и да не се склучуваат договори со нереално високи цени;
  • Да се дава прецизен опис на набавените производи во склучените договори за да се овозможи увид на јавноста во оправданоста на постигнатите цени;
  • Да се почитуваат роковите на испорака на набавените производи имајќи предвид дека токму итноста на набавките ја оправдува примената на оваа постапка на директно договарање;
  • Детално да се образложуваат причините за секоја набавка во одлуката за набавката за да се оправда дека договорниот орган не можел да ја предвиди набавката, немал време за примена на други постапки и дека околностите за крајната итност во никој случај не можат да ѝ се припишат на институцијата што набавува. 

Центарот за граѓански комуникации, институционален грантист на Цивика мобилитас, ќе ги следи итните набавки поврзани со новиот коронавирус за навремено да детектира одредени слабости во процесот и да даде придонес кон нивно надминување, а со цел рационално искористување на ограничените јавни ресурси во земјава.

Овој бриф е прв од планираната серија извештаи кои ќе се објавуваат периодично. 

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор