CMGGA

  • Учениците од ООУ „Круме Кепески“ учеа за циркуларна економија и биоотпад

    Одржливиот развој започнува со едукација! Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија, реализиравме интерактивна работилница со ученици од…

  • Гласен текстилец пристапи кон Кодекс за граѓански организации

    Денес Здружението за заштита на работничките права „Гласен текстилец“ пристапи кон Кодекс за граѓански организации, изготвен од Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС).

    Кодексот за граѓански организации има за цел да го зајакне системот на саморегулација и да придонесе до поголема професионалност и отчетност. Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме денес е градењето на доверба со граѓаните и пошироката јавност. Како граѓански организации кои делуваме на локално и национално ниво треба да обезбедиме поширока отчетност за својата работа и со тоа да го потврдиме својот јавен интерес во процесите на креирање на политиките кои се од интерес за граѓаните, а за кои добиваме ресурси.

  • Јавен повик за ревизорски услуги

    Здружение за заштита на работничките права Гласен Текстилец Штип, во рамките проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, a спроведуван во партнерство со Здружение ЕХО едукативно-хуманитарна организација од Штип  и  Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци од…

  • Анкетен прашалник за испитување на јавното мислење за проблемите на семејствата на лицата со попреченост и можните решенија при медицинскиот третман на лицата со попреченост

    Во рамките на проектот “Соочување со предизвиците и стигматизација” реализираме анонимен анкетен прашалник исклучиво за испитување на јавното мислење со цел прибирање на податоци во однос на проблемите со кои се соочуваат лицата со попреченост и нивните семејствата во процесот на прифат и третман на лицата со попреченост во медицинските…

  • Мониторинг на заштита од дискриминација на жени од маргинализирани заедници – инфографик за период од 1 јули – 30 септември, 2024

    Хелсиншкиот комитет за човекови права спроведува мониторинг на постапувањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) при заштитата од дискриминација на жените од маргинализирани заедници.

    Овој мониторинг е во рамките на проектот „Еднаквост сега – Зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“, финансиран од Цивика мобилитас, кој го имплементира во партнертство со ХОПС- Опции за здрав живот и Коалиција Маргини.

    Инфографикот го опфаќа периодот од 1 јули до 30 септември 2024 година.

  • Уште една успешнп реализирана работилница на тема: Техники за трансформација на био-отпадот

    Учениците од ОУ Димитар Поп Георгиев – Беровски од општина Ѓорче Петров учествуваа во уште една интерактивна работилница во Био-технолошката лабораторија на СУГС „Марија Кири – Склодовска“ – Скопје, како дел од проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“.

    Учениците од VII до IX одделение, заедно со своите наставници по природни науки, имаа можност преку демонстративни експерименти да научат како органскиот отпад од домаќинствата може да се преработи во корисни производи за фармацијата, козметиката и прехранбената индустрија. Работилницата им овозможи на младите да се запознаат со концептите на циркуларна економија и зелено претприемништво, охрабрувајќи ги да размислуваат за одржливи решенија и можности за нивниот иден професионален развој.

    Овој едукативен настан беше инспирација за учениците да размислуваат како отпадот може да стане ресурс и да се искористи во создавање на одржлива зелена иднина. Преку практични активности, тие стекнаа нови вештини и знаења за одговорно управување со отпадот, што ќе придонесе за развивање на еколошка свест и активен граѓански ангажман.

    Проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ е финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика Мобилитас и се спроведува од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија.

  • Едукација и информација на локалното население

    Во месец декември 2024 година, успешно се одржаа три тематски предавања на тема „Превенција за подобро здравје“, како дел од проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“ , со цел да се подигне свесноста на локалното население за важноста на здравствената превенција и промоција на здрави животни навики.
    Предавањата беа насочени кон различни аспекти на здравјето, вклучувајќи превенција на хронични болести, значењето на здравата исхрана и физичката активност, како и важноста на менталното здравје. Предавањата беа одржани дирекно во заедниците во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Најмалку 90 лица граѓани од различни возрасти и социјални групи беа опфатени со активностите кои имаа за цел да го едуцираат локалното население за превентивните мерки кои можат да придонесат за подобрување на здравјето, промоција на здрави животни навики кои вклучуваат правилна исхрана, редовна физичка активност и управување со стрес.
    На предавањето беше ставен фокус на превенцијата на најчестите хронични болести. Присутните беа информирани за знaчењето на редовни здравствени прегледи (скрининг), како и на правилно управување со ризичните фактори како што се пушење и нездрава исхрана. Беше истакнато значењето на правилната исхрана и редовната физичка активност за превенција на болести. Објаснети беа основите на здрава исхрана, како и важноста на физичката активност за одржување на здравјето. Особено внимание беше посветено на менталното здравје и техниките за справување со стрес.
    Поради сѐ поголемото внимание на здравствени теми, предавањето беше изразито добро прифатено од учесниците. Учесниците покажаа активно интересирање за превентивни мерки и побараа дополнителни информации за здрави навики.
    Спроведените предавања за превенција на здравјето во месец декември беа успешно реализирани и покажаа висок степен на ангажман од страна на локалното население. Овие активности не само што ја зголемија свесноста за важноста на здравствената превенција, туку и ги мотивираа учесниците да преземат конкретни чекори за подобрување на своето здравје.
    „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“  е проект на Центарот за граѓанска иницијатива – Прилеп што се спроведува во партнерство со Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ од Прилеп и Мултиетнчничко здружение за сите воздрасти од с. Црнилиште, Долнени. Проектот е подржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

  • Школа за родова еднаквост

    Преку едукација и ресурси, создаваме одржливи модели на организирање на заедницата за унапредување на родовата еднаквост во регионот.
    Во рамки на проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“, во месец декември беше успешно реализирана Школа за родова еднаквост. На школата за родова еднаквост зедоа учество 20 лица од Пелагонискиот регион, кои беа избрани со цел да се обучат и едуцираат на теми поврзани со родовата еднаквост, правата на жените и девојките и начини за активно учество во нивното  зајакнување.
    Целта на школата беше да се создаде мрежа на родови промотори кои ќе продолжат да работат на имплементацијата на проектот во своите заедници и кои ќе придонесат за подигнување на свесноста за родовата еднаквост и важноста на оснажување на жените и девојките во Пелагонија.
    Школата беше спроведена преку интерактивни работилници, предавања, групни дискусии и студии на случаи. Програмата ги опфати темите на основи на родовата еднаквост преку кои учесниците учеа за основни теоретски концепти, како што се род, пол, родова улога и родови стереотипи. Учениците научија како да разликуваат родова дискриминација од други видови нееднаквости, специфичните предизвици со кои се соочуваат жените и девојките во Пелагонија, како што се ограничените можности за вработување, недостатокот на образовни ресурси, како и социокултурните бариери. Учесниците научија како да се организираат и да влијаат на своите заедници преку кампањи, јавни говори и иницијативи за промена на ставовите и законодавството во врска со родовата еднаквост. Истите се стекнаа со вештини за идентификување и решавање на проблемите на жените во своите локални заедници.
    Реализацијата на Школата за родова еднаквост претставува значаен чекор кон зајакнување на жените и девојките во Пелагонија, како и нивно активно вклучување во процесот на промена на свеста и ставовите во нивните заедници. Со оваа школа, проектот не само што обезбедува неопходна едукација и ресурси за учесниците, туку и создава трајни влијанија преку формирањето на мрежа од промотори на родова еднаквост која ќе продолжи да работи на унапредување на родовата еднаквост во регионот.
    „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“  е проект на Центарот за граѓанска иницијатива – Прилеп што се спроведува во партнерство со Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ од Прилеп и Мултиетнчничко здружение за сите воздрасти од с. Црнилиште, Долнени. Проектот е подржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

  • Причините и состојбата со миграцијата на младите од Полошкиот регион

    Истражување на перцепциите на младите на возраст од 15-29 години за причините и состојбата со миграцијата на младите од Полошкиот регион.

    Целиот извештај може да го најдете на следниот линк:

    Hulumtim i perceptimeve të të rinjve të moshës 15-29 vjeç për arsyet dhe situatën me migrimin e të rinjve nga rajoni i Pollogut.

    Raportin e plotë mund ta gjeni në linkun e mëposhtëm:

  • Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Здружението ИНИ и Општина Виница

    Денес нашите партнери, Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци „ИНИ“ од Виница, претставувано од претседателот Тодор Цонев и Миле Петков, градоначалник на Општина Виница, потпишаа Меморандум за соработка во рамките на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“. Овој проект го спроведуваме заедно со Здружението ЕХО Едукативно хуманитарна организација и Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци. Со ова партнерство започнуваме важен чекор кон реализација на проектот, кој нуди практични решенија за трансформативни промени во заедницата.

    Меморандумот има за цел:

    1. Проценка на актуелните приоритети и потреби на жените и девојките во локалната заедница; 

    2. Мобилизација на жени и девојки во креирање на родово сензитивни политики и програми во заедницата; 

    3. Поддршка во организацијата на 1 локален Форум на заедницата, како и учество на претставници/чки од општинската администрација во реализација на останатите активности поврзани со презентација и одредување на приоритети за подготовка на родово буџетски иницијативи;

    4. Учество на регионална конференција;

    5. Поддршка при мобилизација и создавање на јадро на женски активистки – лидерки, меѓу кои и жени активистки од партиите и раководителки од општинската администрација;

    6. Активно вклучување на вработените во општината во активности/работилници за родово одговорно буџетирање;

    7. Вклучување на жените и девојките од заедницата во креирање на општинските програми и проекти;

    8. Поддршка во мобилизација на жените и девојките од заедницата за учество на отворените денови за промоција на активностите на проектот и родово одговорното буџетирање;

    9. Залагање и застапување за реализација на родово – буџетски иницијативи, предложени од проектниот тим.

    Заеднички градиме поправедна и инклузивна заедница! 

    Проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“ е финансиски поддржан од  Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од активни граѓани и добра соработка со властите што резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и локално ниво. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

    www.glasentekstilec.mk | www.eho-org.mk | www.ini.org.mk

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор