CMGGA

  • Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода

    Во соработка со Општина Кисела Вода спроведовме процес на партиципативно буџетирање. Граѓаните ги споделија своите потреби, проблеми и предлози за подобрување на квалитетот на животот во општината. Тие ја препознаа иницијативата како корисна и изразија поддршка за организирање ваков тип на настани, кои овозможуваат нивните потреби и идеи да бидат слушнати. Следниот чекор е анализа […]
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • Од отпад до нов производ: Циркуларната економија на дело во ООУ „Димо Хаџи Димов“!

    Вчера (27.10.2026), наставниците и учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“ направија уште еден голем чекор кон позелена и поодржлива иднина, покажувајќи како органскиот отпад од домаќинствата може да се претвори во вредна суровина за уредување на училишниот двор.
    По успешното собирање и селектирање на био-отпад во јуни, како и септемвриската посета за проверка на процесот, вчера активностите се вратија во училишниот двор. Изминатиов период, по наша препорака, во училишната компостара беа искористени црви за да се забрза самиот процес на компостирање. Резултатот е добивање на готов, висококвалитетен природен хумус, кој веднаш беше искористен за прихрана на училишните грмушки и цвеќиња.
     
     Зошто е клучна селекцијата на органскиот отпад?
    Невнимателното фрлање на органскиот отпад создава сериозни последици за околината. Преку оваа иницијатива, директно придонесуваме кон неколку клучни цели:

    Заштита на животната средина: Обезбедуваме почиста почва, вода и воздух.
    Грижа за здравјето: Го намалуваме загадувањето кое директно влијае врз сите нас.
    Растеретување на депониите: Намалуваме огромни количини отпад кои инаку би завршиле на депонија.
    Циркуларна економија: Добиваме нов, корисен производ преку чист еколошки процес кој започнува директно од нашите домови.

     Голема благодарност до сите вклучени!

    Упатуваме огромна благодарност до Директорката, наставниците, вредните ученици, како и до сите совесни граѓани, родители и соседи кои активно се вклучија и станаа клучниот двигател на оваа позитивна промена. Наместо во ѓубре, заедно го претворивме отпадот во нов живот!
    Секој поединечен труд е чекор поблиску до поодржлива иднина за сите нас!

     
    Погледнете го процесот:
    Како учениците вредно го подготвуваа компостот можете да погледнете во следното видео, а во галеријата подолу погледнете ги фотографиите од неговото финално искористување во дворот.
     
     
    Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остврување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, з
    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

  • Повеќе од 80 граѓански организации им ја претставија работата на граѓаните на Фестивалот на Цивика мобилитас

    Шестиот по ред Фестивал на Цивика мобилитас „Ден на граѓанските организации“ се одржа на 3 октомври 2026 година, од 11 до 15 часот, во Градскиот парк во Скопје, кај фонтаната „Лотос“. Над 80 граѓански организации од целата земја пристигнаа за да им ги покажат своите активности и резултати на граѓаните. Програмата се одвиваше на главната бина, во пет шатори и во детското катче, а посетителите можеа да разговараат со организациите на штандовите.
    „Овој Фестивал е прослава на граѓанскиот активизам и неговиот придонес за општеството и за граѓаните, и сакам да им се заблагодарам и да им искажам признание на организаторите“, рече амбасадорот на Швајцарија, НЕ Кристоф Сомер во своето обраќање до присутните. Амбасадорот потсети дека Швајцарија речиси 15 години ги поддржува организациите на граѓанското општество во Северна Македонија и нагласи дека демократските општества се под притисок, а дека организациите треба да се потпираат на веродостојни информации и да создаваат простор за добро втемелена дебата. „Ова е добар момент ние, како граѓани, да се потсетиме на клучната улога на активното и живо граѓанско општество за нашите демократии. Во тој дух, особено сум среќен што гледам сè поголем број посетители, граѓани заинтересирани за работата на организациите на граѓанското општество. Повторното поврзување на организациите со граѓаните, помагањето да ги консолидираат своите заедници и зголемувањето на довербата на граѓаните во организациите на граѓанското општество се важни цели на Цивика мобилитас и клучни предизвици во овие времиња“, рече Сомер.
    Директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, нагласи дека организациите своите постигнувања ги претставуваат токму пред оние за кои работат. „Затоа ги поканувам сите да ги посетат штандовите, да разговараат со организациите и да се уверат колку многу може да направи граѓанското општество кога е поврзано со граѓаните“.
    Граѓанските организации, учесници на Фестивалот се потрудија да им ја приближат својата работа на граѓаните преку интересни и едноставни примери. Подолу ви пренесуваме дел од активностите низ неколку теми.
    Додека сите овие активности се случуваа, атмосферата ја засилуваа музичарите. Бендот The Ringtones, а потоа и DJ UX, Андреја Јовановски, заедно направија фестивалот да биде уште позабавен и да привлече повеќе од 1000 посетители кои дојдоа, се вклучија и се дружеа со граѓанските организации, активистите и воопшто луѓето од граѓанскиот сектор.
    Веруваме дека придонесовме за подобро разбирање на улогата на граѓанските организации, се надеваме дека тоа ќе ги мотивира граѓаните да станат дел од активностите, заедно да го јакнеме граѓанскиот активизам и да се бориме за подобро општество за сите!

  • КАКО КУЈНСКИОТ ОТПАД СТАНУВА ПРИРОДЕН РЕСУРС: РЕЦ, ЕКО ЛОГИК И ФЛОРОЗОН НА ФЕСТИВАЛОТ НА ЦИВИКА МОБИЛИТАС 2026

    Изминатава сабота, на 3-ти октомври 2026 година, градскиот парк пулсираше во знакот на граѓанскиот активизам. Како дел од овогодинешниот Фестивал на Цивика мобилитас, познат како „Ден на граѓанските организации“, граѓаните имаа единствена можност одблизу да се запознаат со луѓето кои се двигатели на позитивни промени во нашето општество.
    Меѓу бројните штандови, посебен интерес предизвика заедничкиот простор на Центарот за ресурси во животна средина РЕЦ, Еко Логик и Флорозон каде што беа изложени производите од учениците кои ги добија од отпад во натпреварот за зелени бизнис идеи. Овие три организации се здружија со јасна мисија – да покажат дека еколошката иднина зависи од секој од нас.
    Интерактивна работилница: Од кујнски отпад до вреден ресурс 
    Главната атракција на нивниот штанд беше интерактивната работилница за преработка и реупотреба на био-отпад. Наместо само да зборуваат за теории, експертите ги вклучија посетителите во реални експерименти за добивање на пектин и био дизел.
    „Дали знаевте дека она што секојдневно го фрламе во кујната може да стане вреден ресурс за природата?“ – беше главното прашање кое ги поттикна присутните на размислување.
    Преку практични примери, граѓаните од сите генерации научија едноставни, но ефикасни начини како драстично да го намалат отпадот во сопствените домови и како органските остатоци да ги претворат во нешто корисно за почвата и растенијата.
     
    Граѓански активизам за циркуларна економија
    Оваа успешна едукативна активност е дел од пошироката рамка на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. Главната цел на проектот е менување на навиките и воведување на одржливи еколошки практики во секојдневието.
    Оваа важна иницијатива е финансиски поддржана од Владата на Швајцарија преку програмата на Цивика мобилитас.
    Фестивалот уште еднаш докажа дека кога граѓанскиот сектор и граѓаните ќе се сретнат на едно место, се раѓаат најдобрите идеи за зелено и одржливо утре.
     
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

  • Редовни контроли и еволуција на процесот на терен

    Изминативе денови направивме и теренски посети во останатите училишта во Општина Карпош со претставник од Одделението за животна средина од Општина Карпош, за да ја провериме состојбата со компостот во компостарите.
    Заклучивме, дека во некои од нив процесот сè уште трае и на компостот му треба уште малку време за целосно да се дооформи. Дадовме корисни совети за процесот и дискутиравме со директорите и наставниците како да се продолжи.

    Трпеливо чекаме наскоро, да ги „нахраниме“ и останатите училишни дворови со ова одлично природно ѓубриво!

    Со ова на дело се примени принципот на циркуларна економија — ефикасно претворање на отпадот во вреден еколошки ресурс, истовремено создавајќи поздрава, поубава и похумана средина за престој и едукација на децата и граѓаните.

    Оваа активност се реализира со силна поддршка од Општина Карпош, која во континуитет го поддржува и го унапредува системот за селекција на органски отпад и негово компостирање во училишните дворови.

    Преку ваквите проекти, заеднички покажуваме висока еколошка одговорност и поставуваме позитивен пример за идните генерации.

  • ЗАЕДНО ПРАВИМЕ ПРОМЕНА: Од органски отпад до раззеленет училишен двор во ООУ „Аврам Писевски“ !

    Во рамките на заложбите за заштита на животната средина и промоција на одржливите практики, успешно се реализираше уште една значајна фаза од активностите за селекција и управување со органскиот отпад. Во изминатиот период од три месеци, со висок степен на посветеност на наставниците, граѓаните, се спроведуваше организирана селекција, подготовка и селективно собирање на органски отпад во ООУ „Аврам Писевски“. Во оваа еколошка акција, клучната улога и главниот придонес го имаа токму учениците и граѓаните, со што се потврди важноста на заедницата во процесите на зелена транзиција. Одржливо управување со отпадот и видливи резултати.
    На 16.09.2026 год. вредните ученици со голем ентузијазам ја нахранија Билната градина и училишниот двор со природно ѓубриво- компост создаден во нивната компостара.
    Главната цел на оваа иницијатива е примарна селекција на органскиот отпад и негово одлагање во училишните компостари. Преку правилен процес на компостирање, соберениот отпад беше трансформиран во природен, висококвалитетен компост.
     
    Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија.
    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

  • ФИНАНСИСКАТА ПИСМЕНОСТ – ВЕШТИНАТА ШТО ЈА УЧИМЕ ДУРИ КОГА ЌЕ ЗГРЕШИМЕ

    Учиме за гравитацијата уште во основно училиште – зошто паѓа јаболкото, како се пресметува брзина. Малкумина од нас, меѓутоа, излегле од образовниот систем со јасна претстава како се составува личен буџет, што значи каматна стапка на кредит, или каде одат парите што ги плаќаме преку даноци. А сепак, секој од нас, порано или подоцна, ќе […]

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор