Здружение за унапредување на земјоделските задруги МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ЗАДРУГИ Скопје
Објавено: 27/01/2021
Вкупен буџет: 3.424.500 МКД
Времетраење: 24 месеци
КРАТОК ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Македонската асоцијација на земјоделски задруги – МАЗЗ ја консолидира работата на земјоделските задруги и нивните членови за остварување на нивните индивидуални и меѓусебни права и интереси на модерен и демократски начин и придонесува за развој на одржливо земјоделство и квалитет на животот.
Целта на организацијата е да ги заштити економските, социјалните и културните интереси на земјоделците и да работи на подобрување на условите на пазарот на производство. За остварување на оваа цел, МАЗЗ соработува со национални и меѓународни невладини организации, владини институции на локално и национално ниво, како и со субјекти од областа на образованието и бизнисот, кои придонесуваат и влијаат на условите за развој на одржливо и профитабилно земјоделско производство, услови неопходни за развој во руралните области и квалитетот на живот на земјоделците.
Општо земено, организацијата влијае на јавното мислење и, следејќи ја економската и политичката ситуација, навремено реагира и ги презентира клучните прашања за развој на земјоделството до релевантните институции.
КОНСТИТУЕНТИ
Во моментот МАЗЗ како единствена чадор организација во Р. Северна Македонија во која членуваат претставници на 49 регистрирани земјоделски задруги од сите региони и сектори, претставува основен двигател и носител на напредокот на земјоделството и руралните средини. Преку задоволување на потребите на членовите, МАЗЗ придонесува и за развој на заедниците во кои функционираат задругите.
РЕЗУЛТАТИ
МАЗЗ-водечки бренд на здружување на фармери во РСМ која ќе има моќ да биде столб на активното задругарство и силен двигател на промените во земјоделието.