Кризен Центар „Надеж“, Скопје
Објавено: 27/01/2021
Вкупен буџет: 3.963.600 МКД
Времетраење: 24 месеци
КРАТОК ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Кризен центар „Надеж” е здружение кое има 18 годишно искуство во обезбедување на директна поддршка на жртвите на семејно насилство, како и превентивно работење со цел прекинување на кругот на насилство. Интегрираниот пристап во нашата работа се гледа во поддршката на жртвите на семејно насилство преку СОС линиите за помош, згрижувањето во период од 24-48 часа и емоционалното зајакнување и бесплатното правно советување, како и во бројката од повеќе од 30 реализирани превентивни проекти.
- Кризно советување и упатување преку СОС линиите за помош (Национална СОС линија 15 -315 и два Телефони на Доверба 02/3 175-516, 02/3 173-424).
- Емоционално зајакнување и првична правна помош преку едукација на жртви на семејно насилство.
- Згрижување, обезбедување на сигурен и безбеден привремен престој од 24-48 часа со капацитет за сместување на 5-7 жртви на семејно насилство.
- Превентивна програма за семејно насилство и насилство врз жени.
КОНСТИТУЕНТИ
Жени и деца, жртви на семејно насилство.
РЕЗУЛТАТИ
- Зајакната соработката со бизнис секторот;
- Зајакната праксата за прибирање на донации од физички лица;
- Обезбедена финансиска помош од национални и локални институции;
- Обезбедена материјална и програмска помош од национални и/или локални институции;
- Обезбедена помош за жртви на семејно насилство со примена на интегриран модел;
- Зајакната превенцијата на семејното насилство.