Во партнерство со Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје  и Здружение Радика ДЕ – ДЕБАР

Вкупен буџет обезбеден од Цивика мобилитас: 2.473.786 МКД

Времетраење: 16 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Директни конституенти се жени од рурални средини од три општини од реканскиот регион: Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше.

Како индиректни конституенти ќе бидат вклучени граѓански организации кои се занимаваат со застапување на родови прашања и обезбедуваат услуги за ранливи категории граѓани.

Надлежни институции: Министерството за економија, Министерство за финансии, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за локална самоуправа.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Родова димензија на политики во фокус – јакнење на резилиентност во пост-Ковид период

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

За прв пат ќе се таргетира постоечката дискрепанца во однос на разбирањето на концептот за родова еднаквост и негова директна поврзаност со социо-економските индикатори кои директно ги засегаат жените. На тој начин ќе придонесе кон надминување на тенденцијата за поларизација во однос на прашањата поврзани со родовата еднаквост како идентитетски прашања, а ќе ја насочи пред сѐ како важно социо-економско прашање што има одраз во целосната општествена добросостојба. Акцијата исто така директно и суштествено е втемелена во пристапот заснован на човекови права, а наместо како трансверзална тема, родовите прашања ги поставува како централен фокус.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел:

Да се придонесе кон пост пандемиско закрепнување на општеството преку засилено граѓанско застапување на родовата еднаквост фокусирано на скроени пристапи на централните и локалните власти за јакнење на отпорноста на жените како најпогодена категорија граѓани.

Специфична цел/и:

Да се креираат алијанси на организации што ќе застапуваат родово сензитивни социо-економски политики во услови на постковид општествено закрепнување.

РЕЗУЛТАТИ

  • Проценка на социо-економските потреби на жените и граѓанските организации кои работат на прашањата на родовата еднаквост во постковид контекст, потпирајќи се на студиите на UN Women, NDI, како и официјалните статистички податоци кои говорат за диспропорционалната економско-социјална погоденост на женското население и документи на јавни политики;
  • Да се создадат нови модели на политики за родовите прашања како дел од приоритетите во креирањето социо-економски политики прилагодени на постпандемискиот контекст, со фокус на жените како policy категорија разбрана на начин кој е вклучувачки за сите модалитети на родова позиционираност;
  • Да се развива модел за јакнење на граѓански/женски алијанси (платформи) за застапување на социо-економски политики на локално ниво во контекст на постковид општествено закрепнување, и со интерсекциска вклученост на етнички и социјално маргинализираните.

АКТИВНОСТИ

  1. Деск анализа на стратешки документи на институциите и експертски анализи – Анализа на јавни политики со учество на засегнатите страни (консултативни средби), препораки и план за застапување;
  2. Теренска проценка – анкета на национално-репрезентативен примерок и интервјуа, и со план на застапување;
  3. Публикација со обединети наоди, препораки, модели на политики и план на застапување;
  4. Консултативна размена помеѓу креаторите на национални политики и граѓанското општество со цел постигнување нови модели на политики скроени за жените како социјално-економска категорија, со посебен фокус на етнички и социјално маргинализираните;
  5. Национална широка консултација меѓу граѓанското општество и креаторите на политики на тема приоритети за родово-сензитивно јакнење на општествената резилиентност во контекст на пост-пандемијата со фокус на женската социо-економска ранливост;
  6. Директно застапување на препораките и моделите од спроведената проценка на потребите пред централна власт ;
  7. Пилотирање модел за јакнење на граѓански алијанси и застапување на родови прашања во креирање социо-економски политики на локално ниво адаптирани на пост-ковид контекстот;
  8. Теренска едукација на рурални жени, со посебен акцент на етнички и социјално маргинализираните;
  9. Средби за вмрежување и градење сојузништва. Средба за вмрежување со локални организации и жени од други општини, со посебен акцент на етнички и социјално маргинализираните;
  10. Работилници за планирање заеднички застапувачки акции;
  11. Средби за директно застапување/преговарање на предлогот од претставнички на алијансата (платформата) пред надлежни претставници на локална самоуправа.

Веб страна