Здружение за дигитални иновации и трансформации ХАБ Скопје
Објавено: 18/05/2021
Во партнерство со Центар за економски анализи Скопје, ХРАНА ЗА СИТЕ – БХМ Скопје и Асоцијација на специјализанти и млади лекари Македонија – АСМЛ
Вкупен буџет: 2.597.500 МКД
Времетраење: 16 месеци
КОНСТИТУЕНТИ
Граѓанските организации се главна целна група на проектот, посебно оние кои немаат пристап до конвенционални донатори.
Како конституенти се јавуваат и социјалните претприемачи, медиумите и медиумските работници и граѓаните од социјално ранливи категории.
ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС
MAKE IT EASY – Воспоставување на прва краудфандинг платформа за граѓански иницијативи во Северна Македонија
ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА
Акцијата е базирана на верувањето дека овозможувањето на едноставни алатки за донирање по принципот кликни за да донираш (click-to-donate), која на прибирачите на донации би има заштедила време, енергија и ресурси, а на потенцијалните донатори би им го олеснила процесот на донирање влевајќи им доверба во кредибилноста на системот, може да значи голем чекор во градење на културата на донирање во Северна Македонија.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Да се унапреди културата на донирање во Северна Македонија.
Специфична цел/и: Да се создадат практични алатки кои ќе го зголемат обемот на донации во општествено релевантни иновативни проекти во Северна Македонија.
РЕЗУЛТАТИ
- Создадена самоодржлива онлајн краудфандинг платформа за невладините организации, поединци и социјални претприемачи;
- Зголемено финансирање од приватни донатори на невладините организации;
- Создадени едукативни и информативни ресурси за донирање;
- Зголемена доверба во процесот на донирање кај граѓаните и компаниите.
АКТИВНОСТИ
- Ко-креација, идеација;
- Развој, тестирање и пилотирање;
- Одржување и осовременување;
- “Маркетинг“ активности;
- Континуирана едукација;
- Даночна анализа и автоматизација на одговори;
- Практични информации;
- Изработка на видео прирачници;
- Управување и надзор на платформата.