|

Здружение „Нова Ѕвезда“, Долно Количани, Студеничани

Вкупен буџет: 310.000 МКД

Времетраење: 01.12.2020-31.05.2020 (6 месеци)

КОНСТИТУЕНТИ

Конституенти на здружението НОВА ЅВЕЗДА се сите жители без разлика на нивната етничка, верска или социекономска состојба, децата од петто до осмо одделение од основните училишта  на Град Скопје и млади од средните училишта без разлика на нивната етничка и верска припадност или социекономска состојба.

Конституенти на проектот се 300 деца од ОУ Мустафа Кемал Ататурк и 40 деца од ООУ Браќа Миладиновци.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Да не ги заборавиме децата од руралните средини

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Децата од руралните средини, во изминатиот период поради наметнатите услови од КОВИД-19, имаат тешкотии при учењето и нивните родители кои финансиски се немоќни беа принудени да ангажираат наставници со цел да им се помогне на децата во образовниот процес. КОВИД-19 наметна едно НОВО НОРМАЛНО ЖИВЕЕЊЕ на кое тешко се прилагодуваат децата од руралните средини, особено децата од турската етничка заедница. Нашата идеја е инспирирана од генералните проблеми на недоволна развиеност на образовниот, културниот и уметнички ангажман и активизам кај децата и младите во Македонија. Со нашата акција ќе поттикнеме младински активизам кај младите и децата од општините Студеничани и Аеродром со тоа децата од овие општини ќе работат заедно во надминување на препреките кои ќе им се појават во текот на образовниот процес во услови на КОВИД-19.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Основна цел на проектот е олеснување на образовниот процес на децата од руралните средини преку заедничка интеракција со децата од урбаните делови на Град Скопје во услови на КОВИД-19. Преку зголемување на младинскиот активизам на децата од турската етничка заедница, ќе им се подобри чувството за припадност кон нашето општество кое мора да им овозможи еднакви можности за живеење како и на сите останати етнички заедници во РСМ. Ќе им се овозможи сигурност и оптимизам и како идни полнолетни граѓани на ова општество, ќе придонесат за позитивно развивање на Република Северна Македонија.

Специфична цел/и:

Унапредување на соработката помеѓу родителите, наставниците, учениците и експертите од областа на образованието, креативноста и здравјето во реализација на конкретни активности кои ќе придонесат за градење на здрави животни стилови кај децата.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Олеснување на образовниот процес на децата од руралните средини во услови на КОВИД-19;
  2. Зголемување на младинскиот активизам кај младите и децата од двете општини;
  3. Зголемување на соработката помеѓу наставниците и родителите од двете училишта;
  4. Едукација и отстранување на стереотипите помеѓу двете етнички заедници;
  5. Градење на средина во која младите и децата креативно ќе се изразат;
  6. Зголемување на академските знаење и учење кое помага децата и младите да се подготват да живеат во мултикултурно општество кое нуди еднакви можности за сите;
  7. Организирање на вон-наставни активности кои позитивно ќе го исполнат времето на децата и ќе го надополнат воспитно образовниот процес;
  8. Зголемување на чувството на еднаквост меѓу половите.

АКТИВНОСТИ

  1. Да ја запознаеме културата на нашите другари од турска националност;
  2. Заедно е полесно-работилници меѓу наставниците со цел наоѓање начин децата да го совладаат образовниот процес;
  3. Креативни работилници и ликовен хепенинг;
  4. Тука сме за вас- можност за советување на родителите за полесно надминување на тешкотиите со кои се соочуваат во НОВОТО НОРМАЛНО ЖИВЕЕЊЕ;
  5. Рециклираното е добро за сите- учење на децата и родителите за начинот на  рециклирање и важноста од реупотреба на предметите.

Продолжи со читање

  • Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

    Вкупен буџет: 3.240.057 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.10.2026 (10 месеци) Специфична тема: Борба против корупција и истражувачко новинарство Партнери: Македонски институт за медиуми (МИМ) Конституенти:  Новинари и уредници од локални, приватни и национални медиуми Новинари и уредници од Македонската радио телевизија (МРТ) Медиумски професионалци и медиумски организации Граѓани како корисници…

  • Зелен институт – Скопје

    Вкупен буџет: 2.999.983 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Здружение на сопственици на приватни шуми – Берово Конституенти:  Граѓани; земјоделци; сопственици на приватни шуми; локални заедници; граѓански организации; локални власти и јавни институции; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Нула биоотпад: Системски…

  • РЕСИС – Скопје

    Вкупен буџет: 3.000.000 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО Партнери: Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ Конституенти:  Граѓански организации и неформални групи кои работат на теми поврзани со општествен развој и јавни политики, активни граѓани, млади и…

  • Отворете ги прозорците

    Вкупен буџет: 2.998.600 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Дигитална инклузија и добро владеење Партнери: Здружение за унапредување на младинскиот активизам ЗЕТА Конституенти:  Млади лица; лица со попреченост; граѓани со ограничен пристап до дигитални услуги; граѓански организации; локални и централни институции; јавни службеници; образовни институции; медиуми. За…

  • Здружение на еколози „Натура“ – Струга

    Вкупен буџет: 2.848.300 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево Конституенти:  Граѓани од Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево); млади лица; жени; ученици и наставници; граѓански организации; локални власти и општински администрации; образовни институции; медиуми; локални заедници;…

  • Младински сојуз – Крушево

    Вкупен буџет: 2.999.227 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Унапредување на дигиталната трансформација Партнери: Конституенти:  Млади лица од Крушево и целните општини; граѓани од локалните заедници; граѓански организации; локални власти и општински совети; јавни институции; образовни установи; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Мојот глас во мојот…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор