|

Здружение на производители на градинарски и цвеќарски видови „Хорти Еко“, Струмица

Вкупен буџет: 237.600 МКД

Времетраење: 01.12.2020. – 31.05.2021 (6 месеци)

КОНСТИТУЕНТИ

Целна група на ЗПГЦВ Хорти Еко, Струмица се фармери – носители или членови на семејни земјоделски стопанства од четирите општини во југоисточниот плански регион (Струмица, Василево, Босилово и Ново Село) со застапеност од сите сектори.

Застапеност на жени фармери во организацијата е од круциално значење, па следствено на тоа ЗПГЦВ Хорти Еко, Струмица во своите активности вклучува повеќе од 65% жени.

Дополнително, ЗПГЦВ Хорти Еко, Струмица е организација која исто така ги развива капацитетите и вештините на младите земјоделци во Општина Струмица,  ја поттикнува тимската работа и комуникацијата помеѓу нив, дава придонес за нивно економско јакнење, а со тоа и подигање на квалитетот на живеење. Хорти Еко, Струмица во своите активности вклучува повеќе од 75% млади.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Од земjоделски отпад до „црно злато“

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Во Република Северна Македонија комуналниот цврст отпад, вклучително и био-отпадот, се одлага на депонија (на легални депонии) и се фрла на илјадници илегални депонии. Исто така не постои селективно собирање на био-отпад. Само селективно собирање на хартија како вид на био-отпад спроведуваат комуналните претпријатија. Додатно на горе наведеното, во руралните заедници со главно земјоделски активности, нема официјални системи за собирање отпад. Третманот на отпад од земјоделие зависи исклучиво од праксата на третман на отпадот во земјоделските стопанства. Во секторот земјоделство во Македонија не се применува тнр. Добра земjоделска пракса, нема усогласеност и примена на основните технички барања за вршење на земjоделските работи и заштита на животната средина, односно само на хартиjа се пополнува дека секоj земjоделец применува добри земjоделски практики, а од друга страна сме веќе на истекот на Националната стратегиjа за управување на отпад  коjа што пак до 2020 година предвидува редукциjа на био-отпадот дури за 50% споредено со 2008 година. Но, дали е тоа остварливо останува да видиме иако мали се шансите да е навистина така со оглед на моменталната состоjба на ова поле во државата. Земjоделскиот отпад, неговото правилно третирање се дел од темите на кои што организациjата работи особено последниве неколку години откако ефектот на климатските промени станува се повеќе видлив и во нашето земjоделско производство, како и поради постоjаното палење на стрништа и друг вид на земjоделски отпад, па со оглед на тоа што основната таргет група со коjа што работи ЗПГЦВ „Хорти Еко“, Струмица се токму земjоделските производители самата организациjа е директно засегната од овоj проблем и активно ќе се вклучи во неговото решавање.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Подигнување на свеста каj локалното рурално население за зелената економиjа и потребата од заштита на животната средина.

Специфична цел: Видлива и практична примена на принципите на зелена економиjа во управувањето со земjоделскиот отпад во локалната заедница.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Зголемен броj на земjоделски производители со практични знаења за потребата од примена на зелената економиjа и заштита на животната средина;
  2. Развиени и промовирани практики за преработка на земjоделски отпад и добивање на “црно злато”- компост;

АКТИВНОСТИ

  1. Спроведување на истражување за наjчесто користените практики на управување со земjоделскиот отпад – Истражувањето ќе биде спроведено во четирите пилот општини каде што ќе се одвива проектот Струмица, Василево, Босилово и Ново Село, а истото ќе биде спроведено на 100 земjоделци кои што ќе бидат контактирани од страна на локален истражувач или пак посетени во зависност од одвивањето на состоjбата со корона вирусот;
  2. Организирање на еднодневнa обука со 40 учесници (по 10 учесници од секоjа општина каде што е спроведено истражувањето) за зелена економиjа, правилното менаџирање со земjоделскиот отпад и влиjанието врз заштитата на животната средина;
  3. Мапирање и идентификување на четири семеjни земjоделски стопанства кои што ќе го собираат земjоделскиот отпад за потребите на проектот и каj кои што ќе бидат поставени компостерите, а каде што минимум една треба да биде жена;
  4. Набавка на пет демонстративни компостери кои што ќе бидат поставени во претходно идентификуваните земjоделски стопанства  кои што ќе покажат интерес за директно вклучување во процесот на изработка на компост+СОУУД Димитар Влахов, Струмица;
  5. Организирање на обуки за производство на компост од земjоделски отпад во форма на студиски кружок на секоjа од демонстративните фарми, односно на неформален начин ќе се спроведат обуки со околните жители во секое од земjоделските стопанства, а ќе се изработи и водич за компостирање за да се прошири праксата за компостирање;
  6. Организирање на промотивен медиумски зелен био караван коj што ќе ги посети 4-те земjоделски стопанства и СОУУД Димитар Влахов, Струмица со поставените компостери настан за да ги споделат искуствата со новинарите, медиумите, претставниците на локалните власти и граѓаните како би се промовирала практиката на компостирање и во пошироката jавност.

Продолжи со читање

  • Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

    Вкупен буџет: 3.240.057 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.10.2026 (10 месеци) Специфична тема: Борба против корупција и истражувачко новинарство Партнери: Македонски институт за медиуми (МИМ) Конституенти:  Новинари и уредници од локални, приватни и национални медиуми Новинари и уредници од Македонската радио телевизија (МРТ) Медиумски професионалци и медиумски организации Граѓани како корисници…

  • Зелен институт – Скопје

    Вкупен буџет: 2.999.983 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Здружение на сопственици на приватни шуми – Берово Конституенти:  Граѓани; земјоделци; сопственици на приватни шуми; локални заедници; граѓански организации; локални власти и јавни институции; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Избраниот проект од…

  • РЕСИС – Скопје

    Вкупен буџет: 3.000.000 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО Партнери: Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ Конституенти:  Граѓански организации и неформални групи кои работат на теми поврзани со општествен развој и јавни политики, активни граѓани, млади и…

  • Отворете ги прозорците

    Вкупен буџет: 2.998.600 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Дигитална инклузија и добро владеење Партнери: Здружение за унапредување на младинскиот активизам ЗЕТА Конституенти:  Млади лица; лица со попреченост; граѓани со ограничен пристап до дигитални услуги; граѓански организации; локални и централни институции; јавни службеници; образовни институции; медиуми. За…

  • Здружение на еколози „Натура“ – Струга

    Вкупен буџет: 2.848.300 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево Конституенти:  Граѓани од Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево); млади лица; жени; ученици и наставници; граѓански организации; локални власти и општински администрации; образовни институции; медиуми; локални заедници;…

  • Младински сојуз – Крушево

    Вкупен буџет: 2.999.227 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Унапредување на дигиталната трансформација Партнери: Конституенти:  Млади лица од Крушево и целните општини; граѓани од локалните заедници; граѓански организации; локални власти и општински совети; јавни институции; образовни установи; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Проектот „Мојот глас во…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор