|

ДОБРОВОЛНО ПРОТИВПОЖАРНО ДРУШТВО – СВЕТИ НИКОЛЕ

Вкупен буџет: 328.829 МКД

Времетраење: 01.12.2020 – 30.04.2021 (5 месеци)

КОНСТИТУЕНТИ

Базата на конституенти на Доброволно Противпожарно Друштво (ДПД) се членовите – доброволци, деца, млади, соработници, партнери и поддржувачи, кои со својот ангажман придонесуваат во намалувањена ризиците од пожари, останати елементарни непогоди (поплави, земјотреси, ерозии, ветрови и др.), сообраќајни несреќи и епидемии.   За оваа цел се превземааат превентивни и едукативни акции, реализирани преку образовниот систем, работилници, трибини, информативни кампањи и пласирани преку социјалните мрежи и медиумите, секако со превземање на директни акции и интервенции за спасување на животи и имоти на општата популација.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Доброволните противпожарни друштва, активни општествени чинители!!

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Кај сите релевантни државни чинители кој ја покриваат проблематиката на противпожарна заштита и спасување, нема никакви информации колку друштва постојат, не постои достапен регистар на доброволни противпожарни друштва, нема  информации колку тие друштва се активни, со какви капацитети и ресурси (човечки, материјално-технички, просторни, финансиски и др) располагаат, нема изграден канал и методологија за соработка и вмрежување на постоечките ДПД-а. Единствени податоци до кои можевме до пред неколку месеци да пристапиме се на Противпожарниот сојуз на Македонија, но за жал  нивниот домеин http://www.psm.mk повеќе не функционира. Според нивните податоци на територијата на РСМ активни се  98 доброволни противпожарни друштва, организирани во 38 Општински противпожарни сојузи (ОППС) и бројка од активни 2600 доброволни пожарникари. Според податоците од Цетралниот регистар на РСМ, регистрирани се 88 доброволни противпожарни друштва, додека од друга страна податоците од Управата за јавни приходи на РСМ, кажуваат дека во платниот промет активни се само 28 доброволни противпожарни друштва. Нашето долгогошно искуство во работата на терен и комуникацијата со друштвата од нашето опкружување, покажува дека и бројката од 28 ДПД-а според УЈП не е веродостојна.

Поттикнати од овие причини, ДПД Свети Николе преку спроведувањето на истражување има за цел да го утврди бројот на активни и законски регистрирани доброволни противпожарни друштва или други форми на здружување на овие друштва (сојузи, мрежи, коалиции), нивните капацитети и експертиза со кои располагаат (човечки, просторни, противпожарна опрема со која располагаат, возила, финансии и др), потребите и проблемите со кои се соочуваат во своето работење и во која насока тие може да се организираат, вмрежуваат и развиваат, за задоволување на потребите на населението за кое и всушност постојат за подигање на нивото на противпожарна свест и култура, превенцијата од пожари, останатите елементарни непогоди сообраќајните несреќи, епидемии и заштита на природата.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Придонес кон активни, силни, здружени и оддржливи доброволни противпожарни друштва во Република Северна Македонија. 

Специфична цел:

  • Да се мапираат и идентификуваат капацитетите и потребите на постоечките ДПД во РСМ;
  • Да се воспостави континуирана комуникација и координација помеѓу ДПД меѓуопштински, регионално и на национално ниво.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Мапирани и идентификувани активни доброволни противпожарни друштва, нивните ресурси, проблеми и недостатоци во работењето;
  2. Подобрен пристап до основни информации и достапност до постоечките активни доброволни против пожарни друштва;
  3. Основана Национална мрежа на ДПД-а во Република Северна Македонија.

АКТИВНОСТИ

  1. Идентификување на постоечки ДПД-а во РСМ, нивните ресурси, потреби и проблеми;
  2. Прибирање на податоци и изготвување на адресар на активни доброволни противпожарни друштва во РСМ;
  3. Иницијатива за формирање на национална мрежа на ДПД-а на РС Македонија.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

    Вкупен буџет: 3.240.057 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.10.2026 (10 месеци) Специфична тема: Борба против корупција и истражувачко новинарство Партнери: Македонски институт за медиуми (МИМ) Конституенти:  Новинари и уредници од локални, приватни и национални медиуми Новинари и уредници од Македонската радио телевизија (МРТ) Медиумски професионалци и медиумски организации Граѓани како корисници…

  • Зелен институт – Скопје

    Вкупен буџет: 2.999.983 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Здружение на сопственици на приватни шуми – Берово Конституенти:  Граѓани; земјоделци; сопственици на приватни шуми; локални заедници; граѓански организации; локални власти и јавни институции; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Избраниот проект од…

  • РЕСИС – Скопје

    Вкупен буџет: 3.000.000 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО Партнери: Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ Конституенти:  Граѓански организации и неформални групи кои работат на теми поврзани со општествен развој и јавни политики, активни граѓани, млади и…

  • Отворете ги прозорците

    Вкупен буџет: 2.998.600 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Дигитална инклузија и добро владеење Партнери: Здружение за унапредување на младинскиот активизам ЗЕТА Конституенти:  Млади лица; лица со попреченост; граѓани со ограничен пристап до дигитални услуги; граѓански организации; локални и централни институции; јавни службеници; образовни институции; медиуми. За…

  • Здружение на еколози „Натура“ – Струга

    Вкупен буџет: 2.848.300 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево Конституенти:  Граѓани од Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево); млади лица; жени; ученици и наставници; граѓански организации; локални власти и општински администрации; образовни институции; медиуми; локални заедници;…

  • Младински сојуз – Крушево

    Вкупен буџет: 2.999.227 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Унапредување на дигиталната трансформација Партнери: Конституенти:  Млади лица од Крушево и целните општини; граѓани од локалните заедници; граѓански организации; локални власти и општински совети; јавни институции; образовни установи; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Проектот „Мојот глас во…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор