ЕКОЛОШКО ДРУШТВО ЗДРАВЕЦ 2002
Објавено: 27/01/2021
Вкупен буџет: 300.000 МКД
Времетраење: 01.12.2020 – 30.11.2021 (12 месеци)
КОНСТИТУЕНТИ
Еколошкото друштво „Здравец 2002“ е основано во 2002 година како еколошкото друштво за заштита на животната средина на територијата на општина Македонска Каменица, каде како главен загадувач се јавува рудникот Саса кој се наога во подножието на Осоговските Планини.
Еколошкото друштво „Здравец 2002“ дејствува на територијата на општина Македонска Каменица и се залага за заштита на животната средина, градење на правилен однос на човекот кон својата околина и природна средина, едукација и јакнење на јавната свест.
Со цел заштита и унапредување на состојбите на сите чинители на квалитетен живот, еколошкото друштвото соработува со граѓани и организации од локално, регионално, државно и меѓународно ниво.
ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС
Мониторинг на Каменичка Река
ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА
Вршење на контрола на испуштање на тешки метали и други примеси во Каменичка Река од страна на рудник Саса. На ден 14.09.2020 година се случи еколошка катстрофа кога од јаловиштето број 4 истече 3.000 м3 јаловина во Каменичка Река каде се влева во Калиманско Езеро. Со самото истекување на јаловината се уништи флората и фауната која постепено закрепнуваше од претходната штета што се случи на 09.01.2019 година каде пукна цевка за довод на јаловина во јаловиште 3 и сета јаловина која доаѓа од флотација истече во водите на Каменичка Река. Првата еколошка катастрофа беше на 30.08.2008 година кога во водите на Каменичка Река истекоа 700.000 м3 јаловина во Калиманско Езеро која и ден денес не е исчистена.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Мониторинг на Каменичка Река и испитување на присуство на тешки метали и други примеси во водата до дозволенте граници според МКД.
Специфична цел: Штетното влијание на тешките метали и други примеси со испуштање на јаловината во речното корито на Каменичка Река кое дејстува штетно врз животинскиот и растителниот свет, а особено врз луѓето кои живееат покрај течението на реката.
РЕЗУЛТАТИ
- Исчистена Каменичака Река за 12 месеци од вршењето мониторингот од тешки метали и други примеси и враќање на Каменичка Река во нормалата до дозволените граници на загадување според МКД.
АКТИВНОСТИ
- Состанок со Општината и Рудник Саса и известување дека ЕД „Здравец 2002“ ќе прави мониторинг на Каменичка Река во траење од 12 месеци додека да се врати Каменичка Река во првобитната состојба.
- Состанок со НВО, Спортски друштва и граѓаните на општина Македонскиа Каменица и информирање за спроведување на активности за мониторинг на Каменичка Река.
- Отварање линија Зелен Телефон каде граѓаните може да го информираат ЕД Здравец 2002 во секое време за загадување на водите на Каменичка Река.
- Формирање на Еко патроли за контролирање на Каменичка Река од загадување и фотографирање од лице место.
- 12 месеци земање на мостра од водите на Каменичка Река.
- Мострите ќе се носат во акредитирана лабараторија за присуство на тешки метали и други примеси во водите според МКД табелата.
- Водење на документација за добиените резултати од акредитираната лабараторија.
- Објавување на резултати од мерењето на веб страната на еколошкото друштво.
- Завршна конференција и презентирање на резултатите од мерењето на тешки метали и други примеси.
- Печатење на брошура со резултати од извршените мерења од мониторингот на Каменичка Река.
- Доставување барање од страна на ЕД „Здравец 2002“до Совет на општина Македонска Каменица за усвојување да продолжи мониторингот на Каменичка Река по завршување на проектот.