ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛЕШНИКАРИ ЕКО ЛЕШНИК С. ДРАСЛАЈЦА, СТРУГА
Објавено: 27/01/2021
Вкупен буџет: 329.000 МКД
Времетраење: 4 месеци
КОНСТИТУЕНТИ
Покрај органските лешникари од Југозападна Македонија, конституенти на Здружението на Лешникари ЕКО ЛЕШНИК, Драслајца се и фармерите и младите земјоделци од сите области на земјоделието и младите луѓе воопшто. Покрај тоа, Еко Лешник соработува со општини и здруженија на фармери од Северна Македонија, со европски одгледувачи и компании кои откупуваат лешник, како и со производители на машинерија за лешници.
ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС
Граѓани за развој
ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА
Проблемот опфатен во проектот е општ и долготраен. Се работи за информираност и подготвеност за граѓанско учество на, првенствено, младите луѓе од руралните средини со цел социјален и економски развој на тие средини кој ќе овозможи младите да останат во унапредените рурални средини наместо масовно да се иселуваат.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Да се создаде база на информирани и активни граѓани, а преку тоа и силен граѓански сектор за успешна соработка со државата во креирањето и имплементирањето политики прво на локално, а потоа и на регионално и национално ниво.
Специфична цели:
- Инклузија на граѓаните од руралните/зафрлени средини со акцент на младите со економски, образовни, малцински и останати тешкотии во општествените процеси;
- Активно учество на овие граѓани и поддржување на самоиницијативност за активност за развој на руралните средини;
- Промовирање родова еднаквост во овие средини бидејќи патријархалниот дух и традиционалните и културолошки влијанија се посилни токму во нив.
РЕЗУЛТАТИ
- Граѓаните добиваат знаење со коешто активно се вклучуваат во процесите, и/или пак се организираат во граѓански организации кои потоа активно учествуваат во процесите на креирање и донесување одлуки што води кон подобрени политики и практики прво на локално, а потоа и на државно ниво;
- Учеството доведува до активен граѓански ангажман во граѓански иницијативи, организации, локални економски совети, локални акциони групи, активности, итн. за помагање на и соработка со локалната самоуправа и државата во клучни места и во клучни ситуации;
- Соработката помеѓу граѓаните општо и граѓанските организации поспецифично ќе доведе до создавање сојузи на граѓанското општество. Подготвувањето партнерства и јакнењето на граѓанскиот сектор преку локалната самоуправа ќе придонесе кон остварување на интегрирањето во и хармонизирањето со Европската Унија;
- Остварување делегирана надлежност како круцијална можност една НВО да расте, а една општина наместо секторско развивање, вработувања и креирање на одделенија, преку давање на надлежност на една НВО, прави заштеди, покрива еден сектор, и се развива.
АКТИВНОСТИ
- Обуки за граѓанско учество (вкупно 8);
- Кампања за промоција на проектот на социјални мрежи и локални медиуми.