Здружение „Нова Ѕвезда“, Долно Количани, Студеничани
Објавено: 27/01/2021
Вкупен буџет: 310.000 МКД
Времетраење: 01.12.2020-31.05.2020 (6 месеци)
КОНСТИТУЕНТИ
Конституенти на здружението НОВА ЅВЕЗДА се сите жители без разлика на нивната етничка, верска или социекономска состојба, децата од петто до осмо одделение од основните училишта на Град Скопје и млади од средните училишта без разлика на нивната етничка и верска припадност или социекономска состојба.
Конституенти на проектот се 300 деца од ОУ Мустафа Кемал Ататурк и 40 деца од ООУ Браќа Миладиновци.
ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС
Да не ги заборавиме децата од руралните средини
ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА
Децата од руралните средини, во изминатиот период поради наметнатите услови од КОВИД-19, имаат тешкотии при учењето и нивните родители кои финансиски се немоќни беа принудени да ангажираат наставници со цел да им се помогне на децата во образовниот процес. КОВИД-19 наметна едно НОВО НОРМАЛНО ЖИВЕЕЊЕ на кое тешко се прилагодуваат децата од руралните средини, особено децата од турската етничка заедница. Нашата идеја е инспирирана од генералните проблеми на недоволна развиеност на образовниот, културниот и уметнички ангажман и активизам кај децата и младите во Македонија. Со нашата акција ќе поттикнеме младински активизам кај младите и децата од општините Студеничани и Аеродром со тоа децата од овие општини ќе работат заедно во надминување на препреките кои ќе им се појават во текот на образовниот процес во услови на КОВИД-19.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Основна цел на проектот е олеснување на образовниот процес на децата од руралните средини преку заедничка интеракција со децата од урбаните делови на Град Скопје во услови на КОВИД-19. Преку зголемување на младинскиот активизам на децата од турската етничка заедница, ќе им се подобри чувството за припадност кон нашето општество кое мора да им овозможи еднакви можности за живеење како и на сите останати етнички заедници во РСМ. Ќе им се овозможи сигурност и оптимизам и како идни полнолетни граѓани на ова општество, ќе придонесат за позитивно развивање на Република Северна Македонија.
Специфична цел/и:
Унапредување на соработката помеѓу родителите, наставниците, учениците и експертите од областа на образованието, креативноста и здравјето во реализација на конкретни активности кои ќе придонесат за градење на здрави животни стилови кај децата.
РЕЗУЛТАТИ
- Олеснување на образовниот процес на децата од руралните средини во услови на КОВИД-19;
- Зголемување на младинскиот активизам кај младите и децата од двете општини;
- Зголемување на соработката помеѓу наставниците и родителите од двете училишта;
- Едукација и отстранување на стереотипите помеѓу двете етнички заедници;
- Градење на средина во која младите и децата креативно ќе се изразат;
- Зголемување на академските знаење и учење кое помага децата и младите да се подготват да живеат во мултикултурно општество кое нуди еднакви можности за сите;
- Организирање на вон-наставни активности кои позитивно ќе го исполнат времето на децата и ќе го надополнат воспитно образовниот процес;
- Зголемување на чувството на еднаквост меѓу половите.
АКТИВНОСТИ
- Да ја запознаеме културата на нашите другари од турска националност;
- Заедно е полесно-работилници меѓу наставниците со цел наоѓање начин децата да го совладаат образовниот процес;
- Креативни работилници и ликовен хепенинг;
- Тука сме за вас- можност за советување на родителите за полесно надминување на тешкотиите со кои се соочуваат во НОВОТО НОРМАЛНО ЖИВЕЕЊЕ;
- Рециклираното е добро за сите- учење на децата и родителите за начинот на рециклирање и важноста од реупотреба на предметите.