Вкупен буџет: 328.000 МКД

Времетраење: 5 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Конституенти на проектот се македонски иселеници во странство, граѓани на Р.С. Македонија, граѓани на Општина Прилеп, локална самоуправа на Општина Прилеп, граѓански организации, политички партии, владини институции.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Испразнето гнездо

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Неуспешноста на пописот од 2011 година ја остави Р.С. Македонија без официјална статистика на население од скоро дваесет години. Сепак, од различни споредни податоци може да се констатира дека постои масовно иселување на населението во последниве декади.

Државниот завод за статистика, покажува сосема мал број на иселени лица (помалку од три илјади), додека Светска банка објави дека над 500.000 граѓани ја напуштиле државава од 50-тите години до 2013, а Еуростат пресметува дека над 100.000 Македонци станале европски државјани по пасош. Еден од градовите во кои е видливо таквото забрзано иселување е и Прилеп каде според пописот направен во 2002 имал 69.704 луѓе. Речиси и да нема дом од кој во последниве две декади не се отселил барем еден член. Ваквите иселувања остануваат нерегистрирани поради тоа што граѓаните не се пријавуваат во полиција ниту во амбасадите на Р.С. Македонија во државата на доселување.

Потребно е да се направи анализа на искуствата на веќе иселените лица во граѓанска партиципација на локално и национално ниво пред нивното заминување. Каков бил одговорот на институциите на системот, кои биле основните пречки и кои би биле можните решенија. Потребно е да се пренесат пораките до граѓаните и да се охрабрат да ги користат алатките за учество во креирањето политики, особено преку искористување на домашните и странски фондови за граѓанските организации.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Подигнување на свеста кај македонскиот граѓанин за проблемот со масовното иселување од државата.

Специфична цел:

Зголемување на граѓанската партиципативност во Р.С. Македонија како средство за намалување на иселувањето и побрзи евроинтеграции.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Детектирани се причините за масовното иселување кај македонското население;
  2. Граѓаните на општина Прилеп се едуцирани и информирани за начините на директна вклученост во креирањето на јавни политики на локално ниво;
  3. Покрената е дебата за проблемот со масовното иселување од државата.

АКТИВНОСТИ

  1. Истражување на мислењето на иселениците за проблемот со масовното иселување;
  2. Семинар на тема „Начини за вклученост на граѓаните во креирањето јавни политики на локално ниво“;
  3. Кампања за важноста од граѓанско учество во креирањето јавни политики за намалување на масовното иселување и побрзи евроинтеграции.

Веб страна