Вкупен буџет: 186.900 MKД

Времетраење: 4 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Целна група во проектот се лицата со телесна попреченост од општините Дебар и Центар Жупа.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Креирање услови за пристап на лицата со телесна попреченост до неопходните државни институции и други неопходни објекти

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Со проектот директно се поддржуваат лицата со посебни потреби (мажи, жени, млади и возрасни), односно лицата со телесна попреченост и се овозможува нивен слободен и независен пристап до неопходните институции како и сите останати лица.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел:

Креирање услови, односно овозможување пристап на лицата со телесна попреченост до неопходните државни институции и други објекти во кои што ќе можат самостојно и независно од други лица –да ги извршуваат своите обврски, потреби и сл.

Специфична цел/и:

  • Самостојност и независност на лицата со телесна попреченост од други помагатели
  • Задржување и заштита на приватноста на лицата со телесна попреченост
  • Вклучување на лицата со телесна попреченост во општеството како рамноправни граѓани
  • Искоренување на предрасудите и стигмата за лицата со телесна попреченост и нивно прифаќање во граѓанското општество

РЕЗУЛТАТИ

  1. Овозможен пристап на лицата со телесна попреченост до неопходните државни институции и други објекти (верски објекти, банки, спортски игралишта и сл.);
  2. Лицата со телесна попреченост самостојно ќе можат да ги извршуваат своите обврски и потреби, без да им биде нарушена нивната приватност;
  3. Прифаќање на лицата со телесна попреченост во општеството како рамноправни граѓани и искоренети предрасуди и стигма за лицата со телесна попреченост.

АКТИВНОСТИ

  1. Остварување договор за соработка со надлежните органи од предвидените институции и објекти;
  2. Изработка на конкурс за извршување на градежните активности и негово објавување, како и изработка на постери;
  3. Јавен конкурс;
  4. Извршување на градежните активности;
  5. Изработка на печатени маици;
  6. Организирање средба на лицата со телесна попреченост, дружење и сумирање на сите заклучоци од преземените активности.