|

ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА, КОМУНИКАЦИЈА И ЕДУКАЦИЈА НА РОМИТЕ „СВЕТЛА ИДНИНА“ КОЧАНИ

Вкупен буџет: 315.950 МКД

Времетраење: 5 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Прва група конституенти се сите граѓани на ромската заедница во Општина Кочани.

Втора група конституенти се граѓански организации, урбаната заедница, Општина Кочани и Комунално јавно претпријатие.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Здравата животна средина е наша одговорност – да покажеме на дело

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Прва компонента: зајакнување на свесноста на граѓаните од ромската заедница за активно учество во иницијативи за заштита на животната средина, но и зајакнување на свесноста за поголема одговорност и културно однесување кога во прашање е животната средина.

Втора компонента: градење на соработка со локалните власти и сите други активни чинители во заедницата со цел да се преземаат конкретни мерки кои се насочени кон подобрување на здравата животна средина, нулта толеранција за депонии, посериозен пристап и подобрување на јавните услуги во делот на јавната чистота и здрава животна средина.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел:                 

Зајакнување на свесноста на ромската заедница и одговорноста кај локалните власти во Општина Кочани за здрава и чиста животна средина на среден и долг период.

Специфична цел/и:

  • Зајакнување на свесноста кај граѓаните за правата и обврските за здрава животна средина во нивните заедници и правилно одржување и унапредување на истата;
  • Градење капацитети на заедницата за преземање иницијативи и конкретни мерки за подобра животна средина;
  • Зајакнување на капацитетите на локалното месно население за активно застапување и градење на партнерства со локалните власти во насока на заедничко делување и подобрена комуникација при решавање на проблемите во делот на животната средина.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Кај граѓаните од Ромската заедница во Општина Кочани се забележува зголемена свесност и интерес за одржување и унапредување на животната средина во заедницата;
  2. Граѓаните Роми од Општина Кочани покажуваат зголемен интерес за преземање на мерки и акции за чистење и одржување на здравата животна средина во заедницата;
  3. Граѓаните од ромската заедница во Општина Кочани имаат подобрени капацитети за застапување на заедницата, при што остваруваат активна комуникација, покажуваат интерес за учество на заеднички проекти и иницијативи за проблеми во заедницата;
  4. Изработка на краткорочен акциски план 2021 – 2023 за заштита на животната средина во ромските заедници во соработка со Општина Кочани и локалното комунално претпријатие.

АКТИВНОСТИ            

  1. Организирање на две едукативни работилници за подигнување на свеста, правата и одговорностите во процесот на заштита и унапредување на животната средина во ромската заедница во Кочани;
  2. Организирање на една дводневна обука за 20 учесници – граѓани, членови на локални граѓански организации и активисти за заедничко делување на тема: заедничка брза проценка и анализа на групи на интерес;
  3. Организирање на две еколошки акции со масовно учество на граѓаните од ромската заедница во Кочани, при што ќе учествуваат и претставници од Општина Кичево и комуналното претпријатие со опрема и возила;
  4. Организирање на две фокус групи по 10 лица (граѓани од ромската заедница, активисти и претставници од локалните власти), за изработка на краткорочен акциски план за животна средина на ромската заедница во Општина Кочани.

Продолжи со читање

  • Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

    Вкупен буџет: 3.240.057 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.10.2026 (10 месеци) Специфична тема: Борба против корупција и истражувачко новинарство Партнери: Македонски институт за медиуми (МИМ) Конституенти:  Новинари и уредници од локални, приватни и национални медиуми Новинари и уредници од Македонската радио телевизија (МРТ) Медиумски професионалци и медиумски организации Граѓани како корисници…

  • Зелен институт – Скопје

    Вкупен буџет: 2.999.983 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Здружение на сопственици на приватни шуми – Берово Конституенти:  Граѓани; земјоделци; сопственици на приватни шуми; локални заедници; граѓански организации; локални власти и јавни институции; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Нула биоотпад: Системски…

  • РЕСИС – Скопје

    Вкупен буџет: 3.000.000 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО Партнери: Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ Конституенти:  Граѓански организации и неформални групи кои работат на теми поврзани со општествен развој и јавни политики, активни граѓани, млади и…

  • Отворете ги прозорците

    Вкупен буџет: 2.998.600 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Дигитална инклузија и добро владеење Партнери: Здружение за унапредување на младинскиот активизам ЗЕТА Конституенти:  Млади лица; лица со попреченост; граѓани со ограничен пристап до дигитални услуги; граѓански организации; локални и централни институции; јавни службеници; образовни институции; медиуми. За…

  • Здружение на еколози „Натура“ – Струга

    Вкупен буџет: 2.848.300 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево Конституенти:  Граѓани од Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево); млади лица; жени; ученици и наставници; граѓански организации; локални власти и општински администрации; образовни институции; медиуми; локални заедници;…

  • Младински сојуз – Крушево

    Вкупен буџет: 2.999.227 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Унапредување на дигиталната трансформација Партнери: Конституенти:  Млади лица од Крушево и целните општини; граѓани од локалните заедници; граѓански организации; локални власти и општински совети; јавни институции; образовни установи; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Мојот глас во мојот…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор