|

Здружение Хуманитарна Организација Ел Хилал

Вкупен буџет: 330.000 МКД

Времетраење: 4 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Конституенти во овој проект се млади, жени, возрасни, хендикепирани и други категории на граѓани.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Подигање на свест поттик, мотивација и перцепција кон разноличноста

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Постои потреба од поголема посветеност на граѓаните и создавање свест за зачувување и заштита на природата. Потребна е подобра комуникација меѓу институциите и граѓаните во оваа област. Сметаме дека во такви услови, еколошка кампања може да биде значајна придобивка за сите. Таа би влијаела на подигнување на свеста на сите граѓани за зачувување и унапредување на животната средина. На тој начин, граѓаните ќе бидат охрабрени да градат подобар живот во подобра и почиста животна средина.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел:

Зајакнување на професионалноста и капацитетите за информираност со нови методи односно, поттик на целните групи кон општествена промени и придобивки од истите преку подигање на нивната свест.

Специфична цел/и:

Подигање на свеста на целната популацијата за соработка и помагање од ситесоцио-економски и еколошки области

РЕЗУЛТАТИ

Ќе се поттикнат хуманитарните организации како и различните целни групи за помош и грижа за социјално загрозените деца, семејства како и грижа за јавната, личната хигиена и екологијата воопшто, не само во нивната етничка заедница, туку и кон сите етникуми. 

АКТИВНОСТИ

  1. Регионално географско истражување и мапирање на таргет популација;
  2. Кампања за сензибилизирање преку: програми, содржини, настани, промо-видео материјали и порака кон целни публики за еколошки акции како и можност за нивно ангажирање во истите;
  3. Работилници преку кои ќе се потикнува целната популацијата за употреба на модерна применета технологија во отворени и стимулативни механизми кои ќе обезбедат подобра промоција и заштита на животната средина
  4. Зајакнувње на мотивацијата за волонтирање и запознавање со нови методи за развој.
Сподели на:

Продолжи со читање