Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје
Вкупен буџет: 3.966.380 МКД
Времетраење: 24 месеци
КРАТОК ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
„Заедно Посилни“ е здружение на заедницата на луѓето што живеат со ХИВ во Република Северна Македонија, кое обезбедува поддршка за нив и ги штити нивните права. Дејствува за зајакнување на луѓето со ХИВ како рамноправни членови на општеството, за почитување на нивното достоинство и за остварување на нивните здравствени и човекови права; посебно се залага за обезбедување континуиран пристап до современа антиретровирусна терапија и сеопфатен третман на ХИВ-инфекцијата и на состојби поврзани или неповрзани со ХИВ, во согласност со најсовремените достигнувања на науката.
Во рамките на оваа мисија, покрај директни услуги за врсничка, социјална и правна поддршка, ЗАЕДНО ПОСИЛНИ е особено активно вклучено во креирањето на јавните политики во врска со ХИВ, како и здравствената заштита и јавното здравје.
КОНСТИТУЕНТИ
- Луѓето што живеат со ХИВ, вклучувајќи ги и оние што не се свесни за својот ХИВ-статус, од коишто најголемиот број се дел од ЛГБТ заедницата;
- Пошироко геј и бисексуалните мажи, другите мажи што имаат секс со мажи, транс луѓето и воопшто припадниците на пошироката ЛГБТК заедница, а особено младите од овие групи/заедници;
- Институциите, односно донесувачите на одлуки и експертите, од областа здравствената заштита и јавното здравје, како институциите и телата надлежни за спречување и заштита од дискриминација и заштита на човековите права;
- Општата јавност.
РЕЗУЛТАТИ
- Механизмот за финансирање на активностите од националната програма за ХИВ што ги спроведуваат граѓанските организации се потпира на стандарди за квалитет на услугите што се нудат;
- Лицата што живеат со или се засегнати од ХИВ се вклучени во суштински активности за здружението, преку различни механизми, вклучувајќи и волонтерство;
- Соработката помеѓу повеќе организации што ги штитат правата на различни групи пациентите поттикнува јавна дискусија за прашањето за обезбедување лекови во Р.С. Македонија;
- Преку своето делување Здружението придонесува за информирано учество на граѓанскиот сектор и засегнатите заедници во креирањето на здравствените политики;


![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА]](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](1)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga1-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](2)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga2-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](3)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga3-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](4)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga4-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](5)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga5-768x384.jpg)