ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА ИДЕНТИФИКУВАНИ И ПОТЕНЦИЈАЛНИ РАНЛИВИ ГРУПИ „ЖРТВА“ СКОПЈЕ
Објавено: 18/05/2021
Вкупен буџет: 319.336 MKД
Времетраење: 5 месеци
КОНСТИТУЕНТИ
Во фокусот на оваа активност се жени затворенички од КПД Идризово.
Освен целната група, во акцијата ќе бидат вклучени и вработените во КПД Идризово, почнувајќи од психолози, лица кои се задолжени за рехабилитација на затвореничките, затворската полиција.
ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС
Рехабилитација на жени затворенички
ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА
Акцијата е потребна за рехабилитација на жени затворенички. Директно е насочена кон подобрување на способностите, достоинството и можностите на жените затворенички кои се обесправени по основ на нивниот идентитет, да бидат дел од општеството.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Добро информирани и зголемен број на едуцирани жени затворенички за препознавање, разбирање, како и превенирање на статус жртва на насилство за поефикасна и поефективна рехабилитација на овие лица.
Специфична цел/и:
Примена на теоретски и јога модели на рехабилитација кај жени затворенички со цел подобрување на психофизичката состојба кај оваа предметна популација.
РЕЗУЛТАТИ
- Добро информирани 52 затворенички;
- Подобрено ниво на едуцираност кај 28 затворенички;
- Подобрена психо-физичка состојба како последица од јога вежби кај 52 затворенички;
АКТИВНОСТИ
Степен на препознавање на статус жртва:
- Состаноци со психолозите за разгледување на програмата за работа која што постои и која се практикува во пенитенцијарниот систем во однос на жртвите на насилство;
- Разгледување и воочување на степенот на познавање на концептот на видови на виктимизација, облици на насилство, со посебен осврт на родовото базирано насилство кај затвореничките;
Теоретска и јога рехабилитација на затворенички:
- 10 теоретските работилници ќе бидат спроведени во текот на 10 недели, од страна на менаџерката на проектот;
- 10 јога сеанси ќе бидат одржани во текот на 10 недели, односно по една сеанса во недела, од страна на јога инструктор;
Изготвување на прирачник и организирање завршен настан.