|

ЗДРУЖЕНИЕ ЗА КУЛТУРА И УМЕТНОСТ АРТ-МАНИЈА КУМАНОВО

Вкупен буџет: 328.000 MKД

Времетраење:  4 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Конституенти се граѓаните на Струга, државни институции, надлежни министерства, амбасади и Општина Струга.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Доба на неразум

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Во рамките на овој проект ќе се реализира филм кој има цел во едно креативно, уметничко остварување, да ги собере сите проблеми, стравови и немоќ на граѓаните на Општина Струга, акумулирани низ годините на живеење во апсурд и деградација на општеството по сите основи.

Со експериментален пристап и со силно изразена иронија низ метафора, ќе се одговори на апсурдот кој се пласира како превез врз реалните проблеми во општината.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел:

Преку експериментален филм да се презентира реалноста во општината, каде граѓаните на Струга се приморани да живеат во доба на неразум и на апсурдни одлуки, скоро секогаш спротивни на нивните интереси и на благосостојбата за природата, културата и модерниот свет. Граѓаните да бидат поттикнати  да земат активно учество во донесувањето одлуки кои ги засегаат директно нив. Истовремено со филмот ќе се анимира пошироката јавност, надлежните ресорни министерства, а бидејќи се работи за уникатен еко систем како Охридското Езеро и крајбрежјето, да се привлече вниманието и на амбасадорите.

Специфична цел/и:

  • Користење на уметноста, за кревање на задушениот глас на граѓанинот и прикажување на општествените проблеми;
  • Поттикнување на граѓаните за кревање на нивниот глас и активно вклучување во решавање на проблемите преку нивни сведоштва и исповеди со помош на кои ќе се креира сценариото за филмот;
  • Привлекување на вниманието на ресорните министерства кон деградацијата на еден еко систем како што е Охридското Езеро и градот Струга;
  •  Зголемување на ангажираноста на странските претставници кон Струга и струшкото крајбрежје.

РЕЗУЛТАТИ

  • Ангажирани 4 млади филмски професионалци од Струга кои ќе снимат/реализираат експериментален, професионален и социјално ангажиран филм;
  • Интервју со 40 граѓани од различни возрасти кои ќе дадат свое видување на реалноста и ќе придонесат во развојот на сценариото за филмот;
  •  Учество на 5 млади лица од Струга во сите фази од продукцијата на документарниот филм
  •  Изработени 3 креативни постери за филмот;
  • Отворена јавна дискусија на која учество ќе земат сите заинтересирани граѓани, експерти и претставници на институции;
  • Премиера и промоција на филмот.

АКТИВНОСТИ

  1. Продукција на документарен филм;
  2. Развивање на сценариото со помош на интервјуа на 40 граѓани од Струга;
  3. 5 млади лица од Струга, кои претходно учествувале на обуки за филм ќе бидат дел од филмската екипа и ќе имаат можност да работаат на професионален филм;
  4. 3 млади лица од Струга, кои претходно учествувале на обуки за изработка на креативни постери, ќе работаат на постери за филмот;
  5. Организација на јавна дискусија;
  6. Премиера и промоција на филмот.

Продолжи со читање

  • Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

    Вкупен буџет: 3.240.057 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.10.2026 (10 месеци) Специфична тема: Борба против корупција и истражувачко новинарство Партнери: Македонски институт за медиуми (МИМ) Конституенти:  Новинари и уредници од локални, приватни и национални медиуми Новинари и уредници од Македонската радио телевизија (МРТ) Медиумски професионалци и медиумски организации Граѓани како корисници…

  • Зелен институт – Скопје

    Вкупен буџет: 2.999.983 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Здружение на сопственици на приватни шуми – Берово Конституенти:  Граѓани; земјоделци; сопственици на приватни шуми; локални заедници; граѓански организации; локални власти и јавни институции; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Избраниот проект од…

  • РЕСИС – Скопје

    Вкупен буџет: 3.000.000 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО Партнери: Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ Конституенти:  Граѓански организации и неформални групи кои работат на теми поврзани со општествен развој и јавни политики, активни граѓани, млади и…

  • Отворете ги прозорците

    Вкупен буџет: 2.998.600 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Дигитална инклузија и добро владеење Партнери: Здружение за унапредување на младинскиот активизам ЗЕТА Конституенти:  Млади лица; лица со попреченост; граѓани со ограничен пристап до дигитални услуги; граѓански организации; локални и централни институции; јавни службеници; образовни институции; медиуми. За…

  • Здружение на еколози „Натура“ – Струга

    Вкупен буџет: 2.848.300 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево Конституенти:  Граѓани од Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево); млади лица; жени; ученици и наставници; граѓански организации; локални власти и општински администрации; образовни институции; медиуми; локални заедници;…

  • Младински сојуз – Крушево

    Вкупен буџет: 2.999.227 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Унапредување на дигиталната трансформација Партнери: Конституенти:  Млади лица од Крушево и целните општини; граѓани од локалните заедници; граѓански организации; локални власти и општински совети; јавни институции; образовни установи; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Проектот „Мојот глас во…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор