Вкупен буџет:  300.000 MKД

Времетраење:  4 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Конституенти во проектот се студенти и академски претставници од сите универзитети во РС Македонија.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Истражувај на тема „Корона вирусот – тест за дигиталното општество“

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Акцијата е насочена кон младите, конкретно кон студентите и нивно активно вклучување во истражувачките активности. Целта е да се подобри интерактивната димензија на онлајн (online) студирањето преку поактивно вклучување на студентите во истражувачките активности. Дополнително, индиректно, акцијата би придонела кон подобрување на истражувачкиот потенцијал на студентите. Преку акцијата студентите ќе се мотивираат активно да се вклучат во научноистражувачката работа на тема : „Корона вирусот – тест за дигиталното општество“.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел:

Општата цел на проектот е подигнување на нивото за истражувачки активности кај младите (студентите) и нивно вклучување во истражувачката работа.

Специфична цел/и:

  • Зголемување на свесноста за значењето на истражувачките активности во решавањето на проблеми во динамично опкружување;
  • Поголемо вклучување на студентите во истражувачката работа, во услови на онлајн (online) настава;
  • Зголемување на свеста кај студентите за користење на дигиталните технологии во секојдневните студентски активности, кои подразбираат повеќе учење, а помалку комуникација на социјалните мрежи;
  • Добивање информации преку научно истражување за моменталната состојба во однос на примената на дигиталните технологии, особено за време на пандемијата од Ковид 19.

РЕЗУЛТАТИ

  • Изработен Повик за истражувачки проекти на тема „Корона вирусот – тест за дигиталното општество“;
  • Реализирана онлајн (online) инфо сесија за заинтересираните млади истрaжувачи (студентите);
  • Одржано онлајн (online) едукативно предавање на пријавените кандидати за изработка на истражувачки проекти;
  •  Реализиран онлајн (оnline) настан за презентација на селектираните истражувачки проекти;
  • Електронски и печатен Зборник на истражувачки проекти.

АКТИВНОСТИ

  1. Подготовка и изработка на Повик за истражувачки проекти. Објавување и промоција преку социјални медиуми и емаил маркетинг;
  2. Изработка на постери, флаери и други информативни и промотивни материјали;
  3.  Посета на универзитети и остварување средба со нивни претставници во насока на промоција на проектот, како и промоција на Повикот за истражувачки проекти меѓу студентите;
  4. Организирање онлајн (online) инфо сесија за заинтересираните млади истражувачи
  5. Одржување онлајн (online) едукативно предавање за пријавените кандидати за изработка на истражувачки проекти;
  6. Рецензија на добиените истражувачки проекти и селекција на најдобрите апликанти
  7. Онлајн (оnline) настан за презентација на селектираните истражувачки проекти и доделување награди за најдобрите 3 истражувачки проекти;
  8. Изработка на online „Зборник на истражувачки проекти“ . Печатење и негова дистрибуција.