Здружение за култура и развој на креативни индустрии Култ-Транзен
Објавено: 27/01/2021
Вкупен буџет: 3.639.448 МКД
Времетраење: 24 месеци
КРАТОК ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Здружението за култура и развој на креативни индустрии Култ-Транзен придонесува во развојот на културата и културните институции, во демократизацијата и децентрализацијата на културата, кон еднаков пристап до култура во општеството посебно до маргинализираните групи, кон развојот на културните политики на локално и национално ниво и приближување на културата во држaвата до европските стандарди.
КОНСТИТУЕНТИ
Mлади талентирани луѓе кои пројавуваат интерес за уметност и култура, вработени во локална администрација во сектор култура, носители на одлуки, вработени во културни институции и галерии, креативни работници, уметници, културни менаџери, маргинализирани групи, вработени во секторот креативни индустрии (дизајнери, архитекти, уметници, претприемачи, фотографи, филмска уметност, издавачка дејност), поширока публика која ужива во естетската вредност на уметноста и почитувачи на културата во целина.
РЕЗУЛТАТИ
- Подобрено функционирањето на организацијата преку подобрување на стратешките документи и практики на организацијата;
- Зајакнати капацитети на организацијата за пишување и раководење со проектен циклус.