|

ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛЕШНИКАРИ ЕКО ЛЕШНИК С. ДРАСЛАЈЦА, СТРУГА

Вкупен буџет: 329.000 МКД

Времетраење: 4 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Покрај органските лешникари од Југозападна Македонија, конституенти на Здружението на Лешникари ЕКО ЛЕШНИК, Драслајца се и фармерите и младите земјоделци од сите области на земјоделието и младите луѓе воопшто. Покрај тоа, Еко Лешник соработува со општини и здруженија на фармери од Северна Македонија, со европски одгледувачи и компании кои откупуваат лешник, како и со производители на машинерија за лешници.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Граѓани за развој

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Проблемот опфатен во проектот е општ и долготраен. Се работи за информираност и подготвеност за граѓанско учество на, првенствено, младите луѓе од руралните средини со цел социјален и економски развој на тие средини кој ќе овозможи младите да останат во унапредените рурални средини наместо масовно да се иселуваат.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Да се создаде база на информирани и активни граѓани, а преку тоа и силен граѓански сектор за успешна соработка со државата во креирањето и имплементирањето политики прво на локално, а потоа и на регионално и национално ниво.

Специфична цели:

  • Инклузија на граѓаните од руралните/зафрлени средини со акцент на младите со економски, образовни, малцински и  останати тешкотии во општествените процеси;
  • Активно учество на овие граѓани и поддржување на самоиницијативност за активност за развој на руралните средини;
  • Промовирање родова еднаквост во овие средини бидејќи патријархалниот дух и традиционалните и културолошки влијанија се посилни токму во нив.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Граѓаните добиваат знаење со коешто активно се вклучуваат во процесите, и/или пак се организираат во граѓански организации кои потоа активно учествуваат во процесите на креирање и донесување одлуки што води кон подобрени политики и практики прво на локално, а потоа и на државно ниво;
  2. Учеството доведува до активен граѓански ангажман во граѓански иницијативи, организации, локални економски совети, локални акциони групи, активности, итн. за помагање на и соработка со локалната самоуправа и државата во клучни места и во клучни ситуации;
  3. Соработката помеѓу граѓаните општо и граѓанските организации поспецифично ќе доведе до создавање сојузи на граѓанското општество. Подготвувањето партнерства и јакнењето на граѓанскиот сектор преку локалната самоуправа ќе придонесе кон остварување на интегрирањето во и хармонизирањето со Европската Унија;
  4. Остварување делегирана надлежност како круцијална можност една НВО да расте, а една општина наместо секторско развивање, вработувања и креирање на одделенија, преку давање на надлежност на една НВО, прави заштеди, покрива еден сектор, и се развива.

АКТИВНОСТИ

  1. Обуки за граѓанско учество (вкупно 8);
  2. Кампања за промоција на проектот на социјални мрежи и локални медиуми.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор