Вкупен буџет: 329.900 МКД

Времетраење: 6 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Здружението е регистрирано за остварување на заштита на правата и интересите на сите вработени во јавната администрација и за заштита на државниот имот, со единствена цел за јакнење на влијанието на граѓанскиот сектор во една специфична област од општественото дејствување.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Јакнење на капацитетите за добро управување и евидентирање на државниот недвижен имот

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Главниот проблем кој се третира со оваа акција е евидентирање на големиот број случаи на несоодветно управување со државните имоти со незапишани права и понуда на нов механизам за помош на Владата и на сите министерства преку еден сеопфатен скрининг да создадат „Реална слика за моменталната состојба на државниот недвижен имот со кој што располага државата, негово законско евидентирање и добро менаџирање“.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Општа цел на овој проект е да се зајакне професионалната компетенција на јавната администрација која во моментот остава впечаток дека е незаинтересирана за општиот јавен интерес и слепа за лошото постапување со имотот. Граѓаните да влијаат врз службениците  и да ги претворат во активисти кои ќе се борат за јавниот интерес и за државното наследство.

Специфична цел: Специфичната цел на овој проект е да се помогне на извршната власт во Република Северна Македонија да сфати колку е важна евиденцијата на државниот недвижен имот. Една сериозна држава мора да знае колкав државен имот има, каде се наоѓа, кој го користи и дали добро го управува. Со оваа иницијатива, неискористеноста на јавните објекти ќе се сведе на минимум и во секое време ќе знаеме каде има празни објекти за нивно правилно менаџирање.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Во предлог програмата за работа на Владата за период 2020 – 2022 година, да се инкорпорира стратегија за евидентирање на државните недвижности и акцентот да се стави на ефикасни државни институции кои ќе водат унифицирани регистри за нивниот имот;
  2. Воспоставување на поквалитетни управни рамки и ефикасна јавна управа која ќе го детектира секој поединечен случај на неевидентиран државен имот;
  3. Воведување на централен регистар за евиденција на државниот недвижен имот од сите државни органи на едно место.

АКТИВНОСТИ

  1. Формирање на работна група од стручни  службеници од различни министерства кои работат на евиденција и заштита на правата над државните објекти за изготвување на предлог стратегија за постапување со јавните објекти;
  2. Развивање на вештините за истражување, оценка и анализа на моменталната фактичка состојба која укажува на огромен број незапишани јавни објекти;
  3. Подготвителни активности и компаративно запознавање со искуствата од другите земји во регионот и пошироко, како и изработка на прирачник наменет за практична примена на службениците.

Веб страна