Вкупен буџет: 330.000 МКД

Времетраење: 6 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Конституенти на РЦОР Кратово се локални, регионални и национални граѓански организации, Центар за развој на СИПР,  ЕЛС во регионот, бизнис сектор, научно образовни и културни институции, национални агенции, меѓународни организации.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Ефективна локална самоуправа – интерес на граѓаните

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Барањата и стандардите на ЕУ се јасни. Јавната администрација мора да обезбеди ефикасни услуги. На РСМ сериозно и недостасува владеењето на правото, почитувањето на законите и етички норми на однесување. Како резултат на нецелосно и несоодветно спроведувањето на законите може да се развие високо ниво на корупција, која ги успорува реформските процеси, а со тоа и процесот на интеграцијата на РСМ во ЕУ.

Одговорноста и транспарентноста на централните и локаните власти се задолжителни, а заедничка желба на секој поединец е институциите да бидат ефикасни во своето работење. Веќе со години во СИПР, во општините таргетирани во проектот исклучително тешко е да се дојде до точни, или приближно точни податоци за структурата на трошењето на народните пари. Клучниот проблем е отсуството на детална отчетност, но и транспарентност на локалните институции кои генерално се затворени кога станува збор за интересот на јавноста, посебно кога станува збор за парите.

Крајно време е за промени во односот кон донесувањето и имплементацијата на политиките кои мора да се базираат и дизајнираат на анализи преку кои и јавноста ќе биде информирана и вклучена во носењето одлуки. Особено, за секоја одлука која вклучува трошење пари на даночните обврзници мора да се прашаат сите засегнати страни, а на граѓаните да им се даде отчет. Потребна е повисока транспарентност за трошењето на народните пари, како и за спроведување на законите и работата на советите генерално.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Учество на граѓанските организации во креирање и донесување одлуки кон подобрени политики и практики на локално ниво.

Специфична цел: Зајакнување на степенот на соработката помеѓу ГО и ЕЛС преку транспарентно, отчетно и одговорно работење на Советите и општините.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Зголемена вклученост на јавноста при креирање и спроведување на локални политики;
  2. Зголемен број на донесени одлуки за предложени проекти;
  3. Зголемен степен на почитување на етички вредности и соработка ГО – локална власт;
  4. Зголемена информираност и свесност на јавноста за трошењето на буџетските средства.

АКТИВНОСТИ

  1. Спроведување анкета за степенот на информираност на граѓаните;
  2. Мониторинг на работата на општинските Совети и покренати граѓански иницијативи;
  3. Организирање на работилница „Советникот како лидер, комуникатор, финансиер и имплементатор на политики“;
  4. Тековно информирање на јавноста за работата на општинскиот Совет, начинот на носење на одлуки и вклучување на јавноста во овој процес.

Веб страна