Вкупен буџет: 311.150 денари

Времетраење: 1.07.2020 – 30.09.2020

КОНСТИТУЕНТИ

Со оваа активност ќе бидат опфатени бездомни лица од територијата на целиот град Скопје.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

ЈОДА

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Ова е можност за одржлива реинтеграција на маргинализираните граѓани од Скопскиот регион, кои што сакаат да го предизвикаат својот моментален општествен и материјален статус.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Одржлива ресоцијализација на бездомни лица, користејќи ги досегашните искуства и успешни приказни’ како основа за одржување на нивната мотивација за успешна реинтеграција.

Специфична цел: Ресоцијализација на 11 бездомни лица, преку нивна продуктивна инклузија во работата на Здружението.

РЕЗУЛТАТИ

  • Проценка на професионалните способности на бездомните лица вклучени во оваа акција, со цел да се изнајдат соодветни (персонализирани) модели за нивна успешна инклузија во социјално-претприемничките активности на Здружението;                                                     
  • Стекнување на теоретски знаења за производство на био-хумус, со практична примена на истите;                                                                                                       
  • Промоција на концептот и успехот на програмата.

АКТИВНОСТИ

  1. Пред спроведувањето на едукативните активности, нашиот психолог ќе направи стручна проверка и проценка на 11 бездомни лица кои што ќе бидат предложени од страна на Организацијата на Црвениот Крст како потенцијални учесници во проектот;
  2. Спроведување на осум едукативни сесии кои ќе допринесат за успешна (ре)социјализација и работно оспособување на 11 бездомни лица.
  3. По завршувањето на обуките, ќе биде формирана тричлена комисија која што ќе ги евалуира активностите на учесниците за време на проектот, и која што ќе ги прогласи нашиот прв – Јода (помагач на бездомни лица).
  4. Дел од бездомните лица ќе бидат мотивирани да ги споделат своите искуства со останатите учесници во програмата;
  5. Организиран завршен настан за прогласување на Yoda-та;

Веб страна