Здружение на Ромите Черења Штип
Објавено: 27/10/2020
Вкупен буџет: 329.800 денари
Времетраење: 15.06.2020 – 15.12.2020
КОНСТИТУЕНТИ
Здружението на Ромите Черења има собрание od 25 члена,има свој претседател ,секретар и благајник , управен одбор кој брои пет члена и надзорен орган од три члена. Здружението во моментот брои 35 члена,од кои шест волонтираат. Здружението на Ромите Черења е член на мрежата Linkedin од Канада, член на платформата Romadect.
ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС
Биди храбра и не молчи за семејно насилство
ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА
Како клучно прашање на што сакаме да се осврнеме преку овој проект е да го актуелезираме проблемот со семејното насилство во ромскте домаќинства и да придонесеме за намалување на насилството во семејството , преку промовирање и едуцирање за нивните законски права, вклучително и на правата во рамките на семејството. Жените ромки ниту се информирни ниту знаат како да се заштитат од семејното насилство.Тие се лишени од своите права и имаат многу ниска свест за механизмите за заштита од семејно насилство и нивните човекови права.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Подигање на свеста на целата општествена заедница за борба против насилството врз жените и семејното насилство.
Специфична цели:
- Мотивација и охрабрување на жените Ромки да проговорат и да го пријават семејното насилство;
- Едукација и информација за превенција од семејно насилтво;
- Запознавање и информирање на жените ромки со Истанбулската конвенција
РЕЗУЛТАТИ
- Спроведена промотивна кампања за намалување на семејното насилство. Снимен спот кој се очекува да има гледаност повеќе од 80000 гледачи преку телевизија и преку 50000 гледачи преку социјалнитe медиуми (фејсбух и јутубе);
- Спроведено истажување за да се утврди бројот на ромски жени воШтип кои се жртви на семејно насилство. Со истражувањето ќе се опфатени 150 жени;
- Организирани и оддржани студиски кругови за најмалку 60 жени ромки;
- Оддржан форум за заклучоци и препораки од настанот;
АКТИВНОСТИ
- Снимање и емитување на видео спот во траење од 30 секунди кое ќе се емитува на една од регионалните телевизии во Штип и на социјални медиуми (фејсбук и јутубе);
- Спроведување на истражување за да се утврди бројот нажени ромки во Штип кои се жртви на семејно насилство;
- Организирање на студиски кругови за информирање и едукација на жените ромки за нивните права;
- Организирање на завршен настан (форум)