|

Здружение на граѓани за промовирање и заштита на културните и духовните вредности ЛЕГИС Скопје

Вкупен буџет:  3.917.760 МКД

Времетраење: 24 месеци

КРАТОК ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

„Легис“ е здружение на граѓани кое обезбедува помош, поддршка, заштита и застапување на најранливите категории на граѓани во Република Северна Македонија.

  • Заштита на најранливите категории на граѓани, вклучително и бегалци и мигранти;
  • Владеење на правото;
  • Промовирање на инклузија, спречување на дискриминација и нетолеранција;
  • Зајакнување на интеракцијата и продлабочување на соработката помеѓу припадниците на различните заедници и социјални групи во Република Северна Македонија.

КОНСТИТУЕНТИ

Ранливи категории на граѓани од локалните заедници во кои е активна ЛЕГИС Скопје (лица кои живеат во сиромаштија, лица со посебни потреби, самохрани родители и многудетни семејства кои се соочуваат со егзистенцијални проблеми).

Бегалци, баратели на азил и мигранти кои престојуваат на територијата на Република Северна Македонија.

Млади луѓе припадници на сите етнички заедници и социјални групи.

РЕЗУЛТАТИ

  • Проектот ќе придонесе кон институционалниот развој и организациско јакнење на организацијата;
  • Зајакнато е граѓанското учество на локално ниво со промовирање учество на лица од ранливите категории на граѓани во креирање на политиките и донесување на одлуките на локално ниво;
  • Соработката на организацијата со други граѓански организации е зајакната преку граѓански сојузи;
  • Зголемена вклученост на бегалците и барателите на азил во општествениот живот преку подобрени можности за вработување;
  • Зголемено граѓанско учество преку членството и волонтерство (изградба на силни конституенти);
  • Диверзификација на изворите на финансирање на организацијата како чекор кон обезбедување финансиска одржливост;
  • Резултатите од проектот се соодветно дисеминирани до пошироката јавност, надлежните институции, други граѓански организации и сојузи и медиумите;
  • Проектот е имплементиран навремено, со соодветен квалитет, ги има постигнато специфичните цели и очекуваните резултати.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор