Вкупен буџет: 330.000 МКД

Времетраење: 6 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Нашите членови, волонтерите кои се ангажирани повремено во организацијата, индивидуални донатори како и наши поддржувачи кои се поединци и здруженија од странство најмногу од земјите во ЕУ – (Шведска, Словенија, Данска, Германија, Австрија), и Швајцарија. Како наши конституенти се јавуваат и наши соработници во локалните институции, како и здруженија на граѓани со кои имаме соработка на темата миграции и со кој градиме мрежа за миграции во државата.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Инфо мигрант 2020

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Во период на светска пандемија предизвикана од КОВИД-19 сериозен предизвик на глобално, нацонално, но и локално ниво е навременото информирање, превземање акција, логистичката поддршка кон граѓаните, безбеден транспорт, како и организациската поставеност на институциите и нивната подготвеност да одговорат на овие предизвици.

Клучно е што, центарот за информативна и логистичка поддршка на граѓаните „НОВ КОНТАКТ“, со оваа акција ја овозможува  потребната поддршка на граѓаните во услови на исклучително неизвесна и ризична состојба во која се наоѓа општеството и јавното здравје. Потребата за заштита на најранливите категории граѓани и информирањето  во состојба на глобална пандемија е огромна. „НОВ КОНТАКТ“ е една од ретките организации која организира ваков вид на информативни акции наменети за мигранти односно лица од редот на дијаспората, како и граѓани кои патуваат и престојуваат во странство, а на кои им е потребна брза информација или контакт со надлежна институција во Македонија.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Општа цел на овој повик е преку поддршката на сите македонски граѓани особено најранливите групи, старите лица, децата како и лицата со хендикеп во Република Северна Македонија, но и оние кои престојуваат или патувале во странство, а се затекнати во други држави или пак имаат потреба од логистичка поддршка за административна и комуникациска услуга со надлежна институција во Р.С. Македонија, да воспоставиме мост односно подобра соработка и отвореност на институциите и нивна поголема достапност за граѓаните. Истовремено да придонесеме кон потранспарентно, отчетно и социјално-инклузивно управување на национално и локално ниво.

Специфична цел: Специфична цел на акцијата е да се воспостави мост на комуникација со надлежните институции онаму каде се прекинати комуникациите и поддршката за граѓаните кои имаат итна потреба од одговор за заштита на нивното здравје и безбедност при патување, со акцент на најранливите категории, со цел да се минимизираат последиците од пандемијата Ковид-19, но и да се воспостави повторно соработка и отвореност на институциите, за итна административна, социјална и друг вид на услуга кон граѓаните.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Брза координација за информирање на граѓаните за ефективни хуманитарни и волонтерски активности и можност за нивно користење;
  2. Информирана јавност;
  3. Обезбедена правна помош и безбедносни совети за сите граѓани и најзагрозените групи;
  4. Воспоставена посредна комуникација помеѓу граѓаните и институциите преку нашата организација како „мостот за комуникација“ во итни случаи;
  5. Преведени информации во веб страната на три јазици (македонски, англиски и албански јазик);
  6. Зајакнати капацитети на персоналот за управување со веб страна;
  7. Отворен Инфо центар со дежурен телефон 24/7, и веб страна со најнови информации;
  8. Формирана мрежа за соработка на граѓански организации за миграции.

АКТИВНОСТИ

  1. Надградба на Веб страна (можности за брзо информирање);
  2. Превод на информации, на англиски јазик;
  3. Превод на информации, на албански јазик;
  4. Обука за управување со Веб страна;
  5. Обука за добро управување и раководење, структура, донесување на нови системи и процедури за информирање за здравствена состојба во РСМакедонија;
  6. Изготвување на Корисничко упатство за администрирање на веб страна;
  7. Организирање на инфо центар 24/7 за контакт со граѓаните;
  8. Јавна трибина со учество на преставници на институции на државата на тема „информирање при миграции“;
  9. Активности за обнова на мрежата за миграции, со заеднички акции;
  10. Размена на информации и промоција на резултат.

Веб страна