Вкупен буџет: 315.000 МКД

Времетраење: 6 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Граѓаните: како директни или индиректни учесници, волонтери или потрошувачи на акциите и активностите на ЦЕА.

Јавниот сектор: институции и носители на одлуки како поддржувачи или партнери во реализација на активностите или крајни корисници и целна група на препораки и анализи на јавни политики за дадена општествена цел и јавно добро.

Приватниот сектор: заеднички интерес за економски развој на земјата.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

COVID-19 и општините во Македонија: Ќе бараат ли општините нови финансиски средства преку задолжување кај централната власт?

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Пандемијата од Ковид-19 ќе има краткорочни, среднорочни и долгорочни ефекти врз територијалниот развој,функционирањето и финансиите на локалните власти. Еден ризик во одговорите на владата е да се фокусира само на краток рок. Долгорочните приоритети мора да бидат вклучени во мерките за непосреден одговор со цел да се зајакне „еластичноста“ на системите. Регионалното и локалното влијание на кризата од Ковид-19 е хетерогено, со силна територијална димензија и значајни импликации за што бара силни и навремени одговори на јавните политики. Освен здравственото и социјалното исто така и економското и фискалното влијание поврзано со кризата од Ковид-19 се значајни.

Единиците на локална самоуправа (општините) се првите директно поврзани институции кои се во првите редови и кои ги чувствуваат ефектите од Ковид-19 кризата. Тие се институциите кои треба да одговорат на зголемените потреби на граѓаните за дополнителни квалитетни услуги како хигиена, дезинфекција, основно и претшколско образование итн. Соочени со овие предизвици за зголемен обем на услуги кои ги очекуваат граѓаните од една страна, од друга страна намалената економска активност се рефлектира (и уште повеќе ќе биде евидентна во следниот период – втората половина на 2020) во намалени сопствени приходи како резултат на стагнација на економската активност, губењето на работните места, намалената потрошувачка „прекинатите“ синџири на креирање на вредност, итн. Што секако има фискални импликации – се рефлектира во локалните финансии. Прибирањето на сопствените приходи како што се приходи од уредување на земјишта, намалени приходи од директните даноци (преку одлагање) и сл.

Оттука како и на национално ниво така и на локално ниво ЕЛС ќе бидат соочени со неминовна корекција на планираните буџети и прераспределба на приоритетите на активностите во оваа а и евентуално на среднорочните планови на општините. Клучното прашање кое произлегува оттука е кои се можните опции за да одговорат општините соочени со овој предизвик (пример: структура на буџети, координиран пристап во согласност со централна власт и буџет, финансирање од надворешни извори и сл.) и како ќе финансираат дополнителните потреби и сменетите приоритети?

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Да придонесе кон дебата за локалните ефекти од кризата и влијание на Ковид-19, врз локалното управување, локално финансирање и да даде насоки на креаторите на политики како да градат поотпорни региони.

Специфична цел: Да даде преглед на фискалните опции на општините за справување со ефектите од Ковид-19.

РЕЗУЛТАТИ

  1.  Утврдени потребите за нови средства за општините;
  2. Анализирани и утврдени изворите на новите средства за општините.

АКТИВНОСТИ

  1. Спроведување на процес на истражување преку прашалник со ЕЛС за ефектите и преземените чекори/планови на ЕЛС (прашалник – истражување);
  2. Преглед на фискалните импликации на Ковид-19 врз приходите на ЕЛС со акцент на сопстевните приходи (анализа);
  3. Оценка на политиките на ЕЛС во времето на криза – предизвици и научени лекции (бриф за политики – опции за застапување);
  4. Претставување на опциите и препораки за промени (визуелен приказ и дискусија).

Веб страна