|

ЦЕНТАР ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ И ИНТЕГРИТЕТ – ХАБ, СКОПЈЕ

Вкупен буџет: 330.000 МКД

Времетраење: 4 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Главни конституенти во овој проект се: Градоначалникот на Општина Карпош  и општинската администрација; општинскиот Штаб за заштита и спасување; жителите на општината; месните заедници; граѓанските организации, верските групи и организации; политичките партии и други организирани групи како и волонтерите.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Општинска стратегија за заштита од Ковид-19 и други пандемски закани – Поддршка за општинскиот штаб за заштита и спасување

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

За справување со заканите од ширење на КОВИД-19 секоја општина формираше и активираше Општински кризен штаб за заштита и спасување. Овие штабови ги раководи градоначалникот, а во нив членуваат претставници на релевантни општински институции. Со овој проект ќе се преземат мерки за заштита на населението и специфични активности со кои ќе се овозможи успешно спроведување на одлуките на Владата и Комисијата за заштита од заразни болести. При Владата постои и Главен кризен штаб за справување со здравствената криза предизвикана од КОВИД-19 кој предлага активности за справување со кризата. Надлежностите на општинските штабови се сведуваа на комуникација и спроведување на препораките и уредбите кои ги добиваат од Владата. Сепак, надлежностите на овие штабови се многу пошироки и истите можат и треба да преземаат  проактивни мерки специфични за состојбата на нивната територија.

Предложената интервенција ќе помогне за зголемување на капацитетите за планирање и организирање на членовите на општинскиот кризен штаб. Покрај тоа, ќе се идентификуваат начини за поефикасно комуницирање и фасилитирање на граѓанско учество. Крајната цел ќе биде воспоставување на систем за комуникација и организација на локално ниво кој ќе овозможи граѓанско самоорганизирање и делегирање на дел од надлежностите на општината кон  месните заедници и други локални влијателни групи. Со еден збор, подобро и поефикасно организирање ќе овозможи оптимална употреба на ограничените ресурси на општината и нивно насочување кон локациите со најголема изложеност.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Ефикасна заштита на населениот при здравствени закани – според примерот на КОВИД-19.

Специфична цели:

  • Изработка на стратегија за справување со здравствени закани (КОВИД-19);
  • Градење на капацитетите на членовите на општинскиот штаб за заштита и спасување;
  • Изработка на план за ефикасно информирање на граѓаните во  кризни комуникации.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Изработена Стратегија за справување со здравствени закани (КОВИД -19);
  2. Идентификувани и мапирани ризици од ширење на пандемијата на КОВИД -19 во општина Карпош;
  3. Список на можни алтернативни локални активности за спречување на ширење на заразата;
  4. Подобрени вештини на членовите на штабот за заштита и спасување;
  5. Подобрена комуникација на општинскиот штаб за заштита и спасување;
  6. Листа на планирани активности предложени до општината;
  7. Создавање на мрежа на активни волонтери.

АКТИВНОСТИ

  1. Анализа на работата на општинскиот кризен штаб и запознавање со неговите капацитети;
  2. Анализа на капацитетите и потреба за обука на членовите на општинскиот кризен штаб за заштита и спасување;
  3. Анализа и мапирање на ризици од ширење на КОВИД -19 специфични за општината;
  4. Изработка на список на ризици и можни алтернативни решенија;
  5. Изработка на листа со предложени активности и доставување до општината;
  6. Изработка на стратегија за справување со здравствени закани (КОВИД -19) и спречување други заразни болести.

Продолжи со читање

  • Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

    Вкупен буџет: 3.240.057 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.10.2026 (10 месеци) Специфична тема: Борба против корупција и истражувачко новинарство Партнери: Македонски институт за медиуми (МИМ) Конституенти:  Новинари и уредници од локални, приватни и национални медиуми Новинари и уредници од Македонската радио телевизија (МРТ) Медиумски професионалци и медиумски организации Граѓани како корисници…

  • Зелен институт – Скопје

    Вкупен буџет: 2.999.983 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Здружение на сопственици на приватни шуми – Берово Конституенти:  Граѓани; земјоделци; сопственици на приватни шуми; локални заедници; граѓански организации; локални власти и јавни институции; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Нула биоотпад: Системски…

  • РЕСИС – Скопје

    Вкупен буџет: 3.000.000 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО Партнери: Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ Конституенти:  Граѓански организации и неформални групи кои работат на теми поврзани со општествен развој и јавни политики, активни граѓани, млади и…

  • Отворете ги прозорците

    Вкупен буџет: 2.998.600 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Дигитална инклузија и добро владеење Партнери: Здружение за унапредување на младинскиот активизам ЗЕТА Конституенти:  Млади лица; лица со попреченост; граѓани со ограничен пристап до дигитални услуги; граѓански организации; локални и централни институции; јавни службеници; образовни институции; медиуми. За…

  • Здружение на еколози „Натура“ – Струга

    Вкупен буџет: 2.848.300 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево Конституенти:  Граѓани од Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево); млади лица; жени; ученици и наставници; граѓански организации; локални власти и општински администрации; образовни институции; медиуми; локални заедници;…

  • Младински сојуз – Крушево

    Вкупен буџет: 2.999.227 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Унапредување на дигиталната трансформација Партнери: Конституенти:  Млади лица од Крушево и целните општини; граѓани од локалните заедници; граѓански организации; локални власти и општински совети; јавни институции; образовни установи; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Мојот глас во мојот…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор