|

Совет за превентива против малолетничка деликвенција Кавадарци

Вкупен буџет:  3.941.741 МКД

Времетраење: 24 месеци

КРАТОК ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Советот за превентива против  малолетничка деликвенција (СППМД) е невладина организација во која на доброволна основа членуваат граѓани од Република Северна Македонија.

Мотивот за ваков вид на организација пред се`е уникатноста на идејата за борба против детско престапништво и создавање на целосно нов кодифициран казнен систем за правда за децата.

Визијата гласи – моќна и стабилна организација, двигател и партнер на институциите, во настојувањето во Република Северна Македонија да се воспостави благосостојба за децата, недискриминација, заштита од секаков вид на насилство, почитување на детските права во сите постапки пред институциите, особено центрите за социјални работи (ЦСР), полицијата, обвинителството и судовите, а во насока на настојувањето Р.С.М. да се издигне како земја во која целосно ќе се почитуваат човековите права и слободи, со посебен акцент на стандардите за правда за децата, како елементарен услов за интегрирање во Европската Унија; учество на младите во донесувањето на одлуките значајни за нив. 

Мисијата за креирање на силна законска регулатива, преку донесување на Законот за правда за децата, негово надградување, имплементирање, мониторинг, евалуација на законот, донесувањето на процедурите за постапување со децата жртви од насилство како задолжителни упатства за постапување во полицијата, обвинителството и судовите, донесувањето на индикаторите за следење на ефикасноста на законите за правда за децата, огромниот број на обуки за лицата кои работат во системот на правда за децата ја дефинираат препознатливоста на организацијата, која е на високо ниво како единствена специјализирана организација која врши професионални обуки за лицата задолжени за примена на законите во делот на правда за децата, односно лицата кои работат во системот на правда за децата.

КОНСТИТУЕНТИ

Конституенти на СППМД се најпрво нејзините членови и институциите, ЦСР, полицијата, обвинителството и судовите, од цела Р.С.М. кои ја прифаќаат мисијата и визијата на СППМД и заеднички работат на остварување на краткорочните и долгорочните цели на СППМД преку заеднички или самостојни проекти.

Понатаму, тимот на СППМД заедно со УО, соработниците, едукаторите, партнерите и ангажираните експерти се лица кои доаѓаат од граѓанскиот сектор и се истакнати доктори на науки, правници, судии, адвокати, политиколози и  ИТ професионалци, а кои заеднички учествуваат во спроведување на активностите на организацијата и во планирање на следните активности.

Како конституенти се јавуваат и партнерски организации во и надвор од земјата, со кои СППМД соработува и тоа  надворешни соработници, судските органи, судии, обвинители како и законодавните и владините органи.

РЕЗУЛТАТИ

  • Зајакнати капацитети на канцеларијата  на СППМД за истражување, обработување, анализирање и застапување;
  • Зајакнато учество и вклученост на членови во работата на СППМД.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

    Вкупен буџет: 3.240.057 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.10.2026 (10 месеци) Специфична тема: Борба против корупција и истражувачко новинарство Партнери: Македонски институт за медиуми (МИМ) Конституенти:  Новинари и уредници од локални, приватни и национални медиуми Новинари и уредници од Македонската радио телевизија (МРТ) Медиумски професионалци и медиумски организации Граѓани како корисници…

  • Зелен институт – Скопје

    Вкупен буџет: 2.999.983 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Здружение на сопственици на приватни шуми – Берово Конституенти:  Граѓани; земјоделци; сопственици на приватни шуми; локални заедници; граѓански организации; локални власти и јавни институции; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Избраниот проект од…

  • РЕСИС – Скопје

    Вкупен буџет: 3.000.000 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО Партнери: Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ Конституенти:  Граѓански организации и неформални групи кои работат на теми поврзани со општествен развој и јавни политики, активни граѓани, млади и…

  • Отворете ги прозорците

    Вкупен буџет: 2.998.600 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Дигитална инклузија и добро владеење Партнери: Здружение за унапредување на младинскиот активизам ЗЕТА Конституенти:  Млади лица; лица со попреченост; граѓани со ограничен пристап до дигитални услуги; граѓански организации; локални и централни институции; јавни службеници; образовни институции; медиуми. За…

  • Здружение на еколози „Натура“ – Струга

    Вкупен буџет: 2.848.300 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево Конституенти:  Граѓани од Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево); млади лица; жени; ученици и наставници; граѓански организации; локални власти и општински администрации; образовни институции; медиуми; локални заедници;…

  • Младински сојуз – Крушево

    Вкупен буџет: 2.999.227 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Унапредување на дигиталната трансформација Партнери: Конституенти:  Млади лица од Крушево и целните општини; граѓани од локалните заедници; граѓански организации; локални власти и општински совети; јавни институции; образовни установи; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Проектот „Мојот глас во…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор