|

ПЧЕЛАРСКО ЗДРУЖЕНИЕ „ПЧЕЛА“ КУМАНОВО

Вкупен буџет: 320.400 МКД

Времетраење: 10 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Група на граѓани, одгледувачи на медоносна пчела кои живеат и работат во регионот на општина Куманово.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Здрава животна средина за сегашните и идните генерации

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Во време кога населените места и градови рапидно се шират и слободните природни површини забрзано исчезнуваат, парковите, градините и другите зелени зони добиваат се поголемо значење во обезбедувањето можности за рекреација и релаксација на населението, а освен тоа  помагаат и за одржување на чиста и здрава животна средина. Во јадрото на здравата животна средина се опрашувачите, пред се медоносните пчелите. Едноставно, таму каде што е безбедно за пчелите, безбедно е и за луѓето. Опрашувачката активност на пчелите и другите инсекти претставува суштинска функција на еколошкиот опстанок – без опрашувачите човечкиот род и сите копнени екоситеми не би опстанале. Разноврсноста на растителните видови во екосистемите е во директна зависност од  разноврсноста на опрашувачите во нив и обратно.

За жaл, во последниве неколку години популацијата на пчели и други опрашувачи на глобално ниво значитело се намалува, дури и до 30 % годишно.  Причините за оваа ситуација се повеќе фактори како екстремни климатски промени, практики за пчеларство, паразити, болести, употреба на пестициди, промени во користењето на земјиштето итн.

Поради ова неопходно е одгледувачите на пчели, политичарите, бизнис секторот и пошироката јавност да работат заедно на преземање активности за ублажување на негативното влијание врз  пчелите и другите опрашувачи.

Во овој контекст е и овој предлог проект кој предвидува заеднички активности на една невладина организација (ПЧЕЛАРСКО ЗДРУЖЕНИЕ „ПЧЕЛА“ КУМАНОВО), едно средно училиште (ССОУ „Киро Бурназ“ Куманово) во соработка и со поддршка на општина Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово. Како резултат на преземените активности се очекува да се подигне јавната свест, пред се кај младата популација за значењето на опрашувачите за  биодиверзитетот и здравата животна средина и да се преземат мерки за нивна заштита како: збогатување на пчелната паша со формирање на т.н. цветни траки од медоносни растенија во непосредна близина на пчеларниците на пчеларите од здружението; облагородување на училишниот двор со т.н. “bee –friendly” –градини засадени со лековити, зачински и ароматични медоносни растенија, инт. Формирањето на цветните траки околу пчеларниците освен што ќе им овозможи на пчелите полесен пристап до храна (нектар и полен) ќе доведе и до ревитализација на необратеното земјиште, природно проширување на растенијата преку разнесување на семе, облагородување на околината и прочистување на воздухот. Учениците ќе имаат можност да се запознаат со одгледувањето на повеќенаменски растенија кои во исто време се и медоносни и ќе можат нивното искуство да го пренесат и во своите куќни дворови и истите да ги облагородат.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Придонес кон намалувањето на негативните влијанија врз животната средина со посебен осврт на заштита на пчелите и другите опрашувачи.

Специфична цел: Подигнување на свеста и знаењата на одгледувачите на пчели,  младата училишна популација и пошироката јавност  за полинаторската улога на пчелите и другите опрашувачи и нивниот придонес кон зачувувањето на биодиверзитетот како и со мерките за ублажување на негативните влијанија што климатските помени и други фактори ги имаат врз нив.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Облагородена природа околу пчеларниците во руралните средини од општина Куманово со цветни траки од медоносни растенија;
  2. Формирана Градина – пријател на пчелите во училишен двор со медоносни растенија; 
  3. Формиран Парк-пријател на пчелите со медоносни дрвја, грмушки, зелјести медоносни растенија, хотели за инсекти, едукативно-информативни постери и информативни табли на јавна општинска површина.

АКТИВНОСТИ

  1. Заеднички акции на пчелари, ученици и вработени во училиштето и други заинтересирани   граѓани за есенско садење на медоносни грмушки и дрвја во пчелниот парк;
  2. Изработка на панели за постери, информативни табли, едукативни постери,  хотели за инсекти и леи за пролетно садење;
  3. Заедничка акција за пролетно засадување на леите во пчелниот парк;
  4. Заедничка акција за пролетно засадување на леите во училишната градина;
  5. Заеднички акции за формирање на цветни траки околу пчеларниците;
  6. Заедничка акција за поставување на постерите и хотелите за инсекти во пчелниот парк;
  7. Организирање на настан за официјално отворање на пчелниот парк.

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор