|

НВО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО

Вкупен буџет: 350.000 МКД

Времетраење: 01.03 – 30.09.2022  (7 месеци)

КОНСТИТУЕНТИ

Акциите се однесуваат на членките на трите НВО (НВО Центар за хумани односи, НВО Крушевска жена и НВО Здружени за туризам и угостителство), локалната администрација и вработените во ЈКП Комуна Крушево како и на  средношколците во туристичката насока во Средношколскиот училишен центар, поточно на сите конституенти на Платформата за развој на туризмот во Крушево. 

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Jакнење на соработката меѓу туристичкиот сектор и локалните јавни претпријатија

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Зголемениот број на туристи наметнува зачестени барања за услуги за одржување на хигиената на објектите за ноќевање. Тоа повлекува и зголемување на употребата на хемиски средства за дезинфекција, што особено беше интензивно во периодот на Ковид-19 кризата. Се зголеми и количината на кабаст отпад (пластика и картони) од зголемениот обем на работа на рестораните и вилите, но и процентот на градежен шут заради се почестите адаптации на просторот за домување во простор за сместување на туристи. Сето ова предизвика создавање на многу мини депонии во околината на градот, по шумските патеки, што создава грда слика за Крушево, како туристичко место. Без разлика на напорите на ЈКП Комуна од Крушево, потребно е да се поработи на свеста на сите граѓани, затоа што природа е богатство за која туристите плаќаат. Покрај волонтерска акција за чистење на излетничките места, со проектот ќе се иницира во општина Крушево да се донесе одлука за депонирање на градежен отпад и да се пропишат казни за непочитување. Во соработка со општината ќе се бара решение за прашањето на именување на комунален инспектор, кој секој град, а посебно туристички како Крушево, законски треба да го има. Но, сепак клучното прашање на кое ќе  се насочи здружението е вклучување на членките на Платформата за развој на туризам во органите и телата на одлучување во ЈКП Комуна од Крушево и во Комисијата за локален економски развој при Советот на општината.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел:            

Јакнење на довербата и соработката меѓу граѓанските туристички здруженија и локалните јавни институции и општинската администрација со цел промовирање на природните потенцијали и препознавање на Крушево и неговата поблиска околина како еко дестинација преку мотивирање на локалните човечки ресурси за креирање на одржливи еко туристички услуги.

Специфична цел/и:

  • Јакнење на соработката на граѓанскиот сектор и локалните јавни институции при планирање, организирање и реализација на постапките за донесување одлуки од јавен интерес на локално ниво;
  • Едукација на членките на Платформата за развој на туризмот, за  потребата од заштита на животната средина која е главен адут за зголемената посетеност на Крушево како туристичка дестинација;
  • Промовирање на волонтеризмот како одговорно однесување на поединци и институции  во акции од јавен интерес и личен пример во локалната заедница.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Едуцирани 40 членки на Платформата за развој на туризмот во Крушево за креирање на еко услуги во интерес на долгорочната заштита на животната средина и креирање процедури за соработка со локалните носители на одлуки и јавните претпријатија;
  2. Сензибилизирани институции на локално ниво за важноста од инклузија на релевантните, локални чинители во сите постапки при носење на одлуки од јавен интерес, преку одржување на едукативни работилници; 
  3. Промовирање и практикување на волонтеризмот како одговорно однесување и како личен пример на локални поединци и институции преку одржување на 2 волонтерски акции;
  4. Креирани 4 еко туристички услуги преку кои ќе се влијае на долгорочна заштита на животната средина како единствен туристички адут за привлекување на поголем број на туристи свесни за значењето на овие еко – услуги;
  5. Едуцирани 20 средношколци за постапката на искористување на локални природни сурoвини во процесот на добивање на етерични масла од борови иглички и процесот на сапунификација за добивање на течен сапун.

АКТИВНОСТИ

  1. Тридневна работилница за креирање на процедури за институционална соработка меѓу ГО и локалните институции, за значењето од долгорочна заштита на животната средина како адут за привлекување на еко – свесни туристи и креирање на еко – туристички услуги со средношколците и локалната администрација;
  2. Реализација на две волонтерски акции со вработените во локалните угостителски бизниси, средношколците, општинската администрација и вработените во ЈКП Комуна Крушево „Мој отпад – моја одговорност“;
  3. Анкета – Комунална чистота и комунален отпад во туристичко Крушево;
  4. Иницијатива за носење на општинска одлука за мапирање и дефинирање на места за депонирање на кабаст отпад и градежен шут и иницијатива за назначување на комунален инспектор;
  5. Иницијатива за воведување на зелен беџ за локална еко туристички понуда на рестораните и апартманите и општинска награда на годишна локална еко – услуга;
  6. Тридневна едукативна работилница со професори од Технолошко – металуршкиот факултет за постапките за добивање на етерични масла и нивна употреба при изработка на еко сапуни. Локалните еко –суровини – потенцијал за социо-економска активност“;
  7. Креирање на видео со сите активности на проектот кое ќе биде поставено на веб страните на општината, на ЈКП и на платформата FeelKrusevo.

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор