Благица Петрески зборува за Локално.мк за тековни економски теми сврзани со инфлацијата и реакцијата на економските политики.

Точно е дека во периодов и посебно во последниот месец се соочуваме со стапка на инфлација која не сме ја виделе од 1990-тите. Сепак, мора да имаме предвид дека растот на цените е движен од глобалните случувања, главно наручувањата што на пазарите на енергенси и примарни производи ги предизвика инвазијата од Руската Федерација врз Украина, а делумно и од се’ уште нарушените синџири на снабдување што е ефект од пандемијата, во моментов засилен и од новите карантини во Кина, вели во краток разговор за „Локално“ Благица Петрески од Институтот за економски истражувања и политики Finance Think за зголемувањето на инфлацијата за над 10 отсто во април годинава, во споредба со истиот период лани.
Повеќе, прочитајте ТУКА.