Вкупен буџет: 1.707.338 МКД

Времетраење: 15 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Целната група се организациите на работодавачи и стопанските комори, Економско-социјален совет, граѓанските организации кои работат на полето на економија, сметководители и адвокатски друштва, како и државни институции надлежни за спроведување на политики кои се однесуваат на економијата.

Институциите клучни за намалување на бироктратскиот товар;

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

КОН НАМАЛУВАЊЕ НА БИРОКРАТСКИ ТОВАР

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Акцијата ќе поттикне анализа на регулативата преку која ќе се утврди бирократскиот товар кој законите го создаваат врз бизнис заедница во смисла на време, но и финансиски трошок.

Преку спроведените активности ќе се овозможи и давање конкретни предлози за намалување на бирократскиот товар на компаниите, што ќе придонесе кон унапредување на деловното окружување на бизнисите во Македонија и кон засилена соработка со надлежните институции во идентификување на клучните слабости во спроведување на закони и политики.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Придонес кон унапредување на деловното окружување на бизнисите.

Специфична цел: Придонес кон намалување на бирократскиот товар врз компаниите и стимулирање на реформи во таа насока.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Воспоставен Индекс за бирократски товар во Македонија;
  2. Подготвен план на мерки и активности за намалување на бирократскиот товар на компаниите;

АКТИВНОСТИ

  1. Техничка поддршка и размена на знаење со Институт за економски и општестени студии;
  2. Анализа на законската регулатива од областите кои се користат за пресметка на Индексот;
  3. Интервјуа за пресметка на товарот во секоја поединечна област;
  4. Консултации на добиените резултати со засегнати страни;
  5. Извештај за бирократски товар во Македонија и компаративен преглед со најмалку две земји членки на ЕУ;
  6. Промоција на извештај и презентација пред надлежните институции;
  7. Консултации за мерки за намалување на товарот на компаниите;
  8. Акциски план за интервенција и намалување на бирократски товар;
  9. Презентација на акциски план и поднесување иницијатива за неговото усвојување од страна на надлежни институции.

Веб страна