ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ – ЦЕНТАР ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, ГЕВГЕЛИЈА
Објавено: 16/02/2021
Вкупен буџет: 1.798.000 МКД
Времетраење: 18 месеци
КОНСТИТУЕНТИ
Конституенти на здружението „Центар за климатски промени“ се граѓанските организации кои работат во полето на животна средина, одржлив развој, енергија и земјоделство.
Министерство за животна средина и просторно планирање со јавните органи во рамки на својата организација (Управа за животна средина и Државен инспекторат за животна средина).
Други јавни тела кои имаат надлежности во животната средина и климатските промени.
ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС
ГРАЃАНСКА ПЛАТФОРМА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ЗА ПОГЛАВЈЕ 27
ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА
Проектните активности ќе придонесат за обезбедување учество на граѓанското општество во креирањето и донесувањето на одлуки кои се однесуваат на процесот на преговарање за влез во Европската Унија и тоа за Поглавје 27-Животна средина и климатски промени.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Зајакнување на улогата на граѓанските организации (ГО) од областа на животната средина во процесот за приближување и подготовка за преговори со ЕУ за Поглавје 27.
Специфична цел/и: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации (ГО) за приближување кон ЕУ преку стимулирање на соработка помеѓу граѓанските организации (ГО) за формулирање и комуникација на заеднички ставови за животната средина и подигнување на свеста на пошироката јавност.
РЕЗУЛТАТИ
- Зајакнати капацитети на македонските граѓански организации за следење на преговорите со ЕУ за Поглавје 27;
- Зголемена свесност на граѓански организации за важноста во преземањето активна улога во преговорите со ЕУ;
- Зголемена свесност на пошироката јавност за придобивките од пристапувањето во ЕУ;
- Зголемена соработка помеѓу граѓански организации и релевантните власти за комуникација на заедничките ставови за прашања од областа на животната средина.
АКТИВНОСТИ
- Информативна средба за отпочнување на проектот;
- Семинари за градење на капацитети на граѓанските организации;
- Повик за формирање национална мрежа на граѓански организации;
- Прирачник за следење на преговорите со ЕУ за Поглавје 27;
- Работилница за формирање на националната мрежа на граѓански организации;
- Состаноци со надлежните органи;
- Подготовка на комуникациска стратегија;
- Подготовка на нацрт извештај;
- Објавување на извештајот за позицијата на граѓанските организации;
- Развивање веб-страница на проектот;
- Официјална презентација на извештајот;
- Подготовка на соопштенија за печат.