|

Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово

Вкупен буџет: 277.440 MKД

Времетраење: 01.12.2021 – 31.05.2022 (6 месеци)

КОНСТИТУЕНТИ

Локално население во Куманово, пред се земјоделци, локална самоуправа и инспекторат за животна средина, бизнис сектор (каменоломи) и локални граѓански организации

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Еко дрон патрола (еко патрола со беспилотно возило) – дигитална + зелена трансформација

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Надлежните служби од Општина Куманово апелираат секоја година до сите земјоделци, бизнис сектор и други засегнати страни од Североистичниот регион да не ги исфрлаат растителните отпадоци од нивите, да не ги палат стрништата, како и да не се загадува амбиенталниот воздух од каменоломите и останатите загадувачи. Непостоењето на бесплатна телефонска линија и/или интернет платформа за пријавување на вакви настани дополнително го усложнува проблемот. Потребно е да се изработи план за реонско собирање на растителен отпад и мониторинг на амбиенталниот воздух во близина на земјоделските површини, каменолимте и сл.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел:

Да се поттикне унапредување на животната средина кај загадување на воздухот, водите, почвата, јавни зелени површини и ублажување на ефектите од климатските промени со помош на дигиталната трансформација.

Специфична цел/и:

Да се зголеми мотивацијата и активно да се вклучи локалното население, пред се земјоделци и/или базнис сектор (каменоломи) во процесот на унапредување на животната средина кај загадување на воздухот, водите, почвата и јавни зелени површини преку соработка/партнерство/вмрежување на локалните актери кај локалната самоуправа.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Изготвена методологија за мониторинг со дрон за период ноември 2021-април 2022 со подготвена елаборирана географска и аеро анализа на потребите на целните групи
  2. Пријавени и/или спроведени 16-24 прелети со дрон (беспилотни надлетување од времетраење од 35-40 мин.), визуелно (живо) видео снимање и продукција, мониторирање и идентификување на можности за загадување на воздухот, водите, почвата, јавни зелени површини во Општина Куманово.
  3. Зајакната соработка/партнерство/вмрежување помеѓу ЦОР Елипса и Фондација за развој на мали и средни претпријатија преку потпишан меморандум за соработка за идни заедничка проекти пред се на ЕУ проекти.

АКТИВНОСТИ

  1. Повик до сите засегнати страни за имплементирање на проектната акција и спроведување на проектните активности;
  2. Пријавени и/или спроведени 16-24 прелети со дрон
  3. Подготовка на Еко дрон патрола визуелна видео анализа за период ноември 2021-април 2022
  4. Формализирање на соработка/партнерство/вмрежување помеѓу Фондација за развој на мали и средни претпријатија и ЦОР Елипса преку потпишан меморандум за соработка, како и можност за отворање на бесплатна телефонска линија и/или интернет платформа
  5. Промоција на постигнатите резултати преку објавување на финалниот извештај

Веб страна

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор