|

Еколошко друштво Здравец 2002

Во партнерство со Здружение на пензионери на Македонска Каменица и Здружение ГЛАС НА ЕДНАКВОСТА Македонска Каменица

Вкупен буџет: 2.599.400 МКД

Времетраење: 16 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Стари лица од Македонска Каменица кои живеат во руралните средини, односно планинските села Саса, Моштица, Косевица, Костин Дол, Луковица, Тодоровци, Дулица и Цера.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Дигитализација на социјалните услуги за нега на стари и изнемоштени лица во руралните средини

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Со затварањето на рудник Саса во изминатите години голем дел од младите барајќи егзистенција го напуштија своето место на живеење и заминаа да бараат работа во државата и странство, оставајќи ги своите стари родители да живеат препуштени сами на себе. Со реализирање на овој проект старите и изнемоштени лица во руралните средини ќе бидат згрижени во секое време.

Со овој проект кој првпат се спроведува на територијата на општина Македонска Каменица ќе се олесни и работата и на институциите.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Дигитализација на социјалните услуги за нега на стари и изнемоштени лица во руралните средини во општина Македонска Каменица.

Специфична цел/и:

  • Формирање на Диспечерски центар за обезбедување на социјалните услуги за нега на стари и изнемоштени лица во руралните средини во општина Македонска Каменица;
  • Формирање на мобилен тим за брзо реагирање за обезбедување на нега на стари и изнемоштени лица во руралните средини во општина Македонска Каменица;
  • Обезбедување на социјални услуги за стари и изнемоштени лица во руралните средини во општина Македонска Каменица.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Мапирани стари и изнемоштени лица во руралните средини во општина Македонска Каменица;
  2. Обезбедени дигитални социјални услуги за 50 лица кои живеат во руралните средини во општина Македонска Каменица;
  3. Диспечерски центар за обезбедување на социјалните услуги за нега на стари и изнемоштени лица во руралните средини во општина Македонска Каменица;
  4. Мобилен тим за брзо реагирање за обезбедување на нега на стари и изнемоштени лица во руралните средини во општина Македонска Каменица.

АКТИВНОСТИ

  1. Промоција за почеток на проектот во Македонска Каменица;
  2. Изработка на социјална карта и мапирање на стари изнемоштени лица кои живеат во руралните средини во Македонска Каменица;
  3. Набавка на опрема;
  4. Избор на 50 лица за обезбедување на социјалните услуги за нега;
  5. Изработка на правни документи и тим за работа на диспечерскиот Центар;
  6. Организирање на обуки за диспечерскиот центар и мобилниот тим;
  7. Формирање на тим за обезбедување на социјални услуги за стари и изнемоштени лица во руралните средини во општина Македонска Каменица;
  8. Промоција на социјални услуги за нега на стари и изнемоштени лица во руралните средини;
  9. Завршен настан од реализација на проектот.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

    Вкупен буџет: 3.240.057 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.10.2026 (10 месеци) Специфична тема: Борба против корупција и истражувачко новинарство Партнери: Македонски институт за медиуми (МИМ) Конституенти:  Новинари и уредници од локални, приватни и национални медиуми Новинари и уредници од Македонската радио телевизија (МРТ) Медиумски професионалци и медиумски организации Граѓани како корисници…

  • Зелен институт – Скопје

    Вкупен буџет: 2.999.983 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Здружение на сопственици на приватни шуми – Берово Конституенти:  Граѓани; земјоделци; сопственици на приватни шуми; локални заедници; граѓански организации; локални власти и јавни институции; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Избраниот проект од…

  • РЕСИС – Скопје

    Вкупен буџет: 3.000.000 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО Партнери: Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ Конституенти:  Граѓански организации и неформални групи кои работат на теми поврзани со општествен развој и јавни политики, активни граѓани, млади и…

  • Отворете ги прозорците

    Вкупен буџет: 2.998.600 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Дигитална инклузија и добро владеење Партнери: Здружение за унапредување на младинскиот активизам ЗЕТА Конституенти:  Млади лица; лица со попреченост; граѓани со ограничен пристап до дигитални услуги; граѓански организации; локални и централни институции; јавни службеници; образовни институции; медиуми. За…

  • Здружение на еколози „Натура“ – Струга

    Вкупен буџет: 2.848.300 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево Конституенти:  Граѓани од Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево); млади лица; жени; ученици и наставници; граѓански организации; локални власти и општински администрации; образовни институции; медиуми; локални заедници;…

  • Младински сојуз – Крушево

    Вкупен буџет: 2.999.227 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Унапредување на дигиталната трансформација Партнери: Конституенти:  Млади лица од Крушево и целните општини; граѓани од локалните заедници; граѓански организации; локални власти и општински совети; јавни институции; образовни установи; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Проектот „Мојот глас во…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор