Вкупен буџет: 1.100.000 МКД

Времетраење: 01.06.2019 – 31.05.2020

Конституенти

Над 1200 децата од четири до шестгодишна годишна возраст кои учат во градинките во општина Чаир, како и сите деца на национално ниво.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Чисти и здрави

За што е потребна акцијата

Согласно годишните податоци од Извештаите на претпријатието за комунална хигиена, од сите општини во рамки на Град Скопје, се собира над 161.388 т/м3 комунален отпад од домаќинства и јавен простор (извор: Град Скопје). Сепак, визуелната слика на градот и на секоја општина поединечно ни малку не илустрира чистота. Јавниот простор е преплавен со отпадоци расфрлени на сите страни, а се чини како граѓаните да не се свесни за грижа и унапредување на животната средина. Од целиот комунален отпад кој се собира од сите општини во рамки на Град Скопје, 14% е отпад кој го генерира најгусто населената општина – Чаир, каде согласно податоците од Град Скопје и Државниот завод за статистика живеат 64.823 жители. Според проценките на Светската здравствена организација (СЗО), еколошкиот товар на болести во нашата земја изнесува 3.370 смртни случаи кои што се припишуваат на ризиците од животната средина или 166 на 100.000 жители. Постојат докази дека влијанието на нечистата околина имаат штетни ефекти врз здравјето, пред сè кај децата (Стратешка рамка за унапредување на здравјето и животната средина во РСМ до 2020 година).

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел– Развивање на свеста за чиста животна средина кај најмладата популација преку градење на вредносен систем за формирање на идни еко-свесни генерации.

Специфична цел– Едукација на децата од предучилишна возраст од општина Чаир за чиста животна средина.

Резултати

  • Децата се запознаени со поимите за чиста животна средина;
  • Децата препознаваат дека отпадоците се фрлаат на соодветно означени места;
  • Децата ги поттикнуваат родителите да се вклучат во процесот на доизградба на нивната свест за чиста животна средина;
  • Програмата успеа да придонесе да се развие интерес за грижа и свест кај најмладата популација, преку интерактивен пристап и забавен начин на комуникација;
  • Се поттикна соработката помеѓу градинките, општината, медиумите и бизнис секторот за заедничка грижа за заедничкиот простор на живеење и делување.

Активности

  1. Изработка на 3 илустрирани сликовници;
  2. Продукција на видео клип за животната средина;
  3. Развој на мобилна апликација (игра) за поттикнување и подобрување на свеста и грижата кон животната средина;
  4. Посета на сите градинки во општина Чаир, презентација на сликовниците и објаснување на важноста за грижа кон животната средина, информирање за мобилната апликација која може да ја играат заедно со родителите;
  5. Завршен настан и заедничка еко-свесна акција.

Веб страница