Вкупен буџет: 1.798.950 МКД

Времетраење: 1.6.2019-31.8.2020

Партнер

Здружение на клубови на лекувани алкохоличари на Република Mакедонија

Конституенти

Граѓаните на Република Северна Македонија со посебен фокус на локалните власти на осум општини.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

НЕ СЕ КЛАДИ СО ЖИВОТОТ

За што е потребна акцијата

Во Северна Македонија феноменот „обложување во спортски кладилници“ е широко распространет. Според анализа направена од Асоцијацијата на спортски обложувалници во земјава во 2013 година, 46% од граѓаните или 61% од мажите се обложуваат. Скоро три четвртини од обложувачите имаат потпросечни примања. Младите, а посебно машкиот дел од населението е најмногу заразен со феноменот наречен спортско обложување.
За разлика од поразвиените земји каде покерот и игрите на среќа се сфаќаат како забава, во земјите со низок животен стандард коцкањето се сфаќа и како опасна зависност, која треба да се лекува. Зависникот од игри на среќа претставува товар на општеството поради неговиот нарушен економски статус, но овој проблем директно го засега и неговото семејство. Проблемите од зависноста се префрлаат и на неговите работните навики и ја доведува неговата егзистенција во прашање. Зависноста од игри на среќа е глобален проблем кој во Македонија не е третиран на соодветен начин. Бројките говорат дека обложувањата и игрите на среќа се горлив проблем и во малите градови каде што изворите на забава се ограничени.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Намалување на бројот на зависници од спортско обложување и останати игри на среќа со посебен фокус на превенција кај младите преку подигнување на свесноста за проблемот и инволвирање на граѓанското општество.

Специфична цел: Градење на инфраструктура, стручен кадар и медиумска кампања за превенција, директна помош и интегрирање во oпштеството на зависниците од спортско обложување, автомат клубови и коцкање.

Резултати

  • Анкетирани 4.000 ученици во средните училишта во осум градови;
  • Зголемен ангажман на локалните заедници во соработка со граѓанското општество;
  • Реализирана рекламна кампања во насока на подигнување на свесноста за превенција и помош на зависници од игри на среќа
  • Обучени стручни лица за спроведување волонтерски едукативни работилници во училиштата за превенција од коцкање.

Активности

  1. Анкетно истражување во средни училишта.
  2. Форуми за превенција и помош за зависници од коцкање.
  3. Спроведување и изработка на медиумска кампања.
  4. Волонтерски едукативни работилници и советувалиште.

Веб страница