Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРЕВЕНТИВНАТА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ЗА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ

    УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРЕВЕНТИВНАТА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ЗА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ
    НАОДИ И ПРЕПОРАКИ ОД МОНИТОРИНГОТ НА ЧЕТИРИ ЗДРАВСТВЕНО ПРЕВЕНТИВНИ ПРОГРАМИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО
    Целата анализа можете да ја преземете на следниот линк

  • Колку вреди студентското достоинство?

    Студентското организирање во Македонија отсекогаш било синоним за достоинство, револуционерност и автентична борба за правда. Платото на УКИМ, најголемиот универзитет во земјава, со децении претставува свет простор на студентската мисла и отпор. Тоа е местото каде што генерации студенти храбро се спротивставуваа на неправдите, го креваа својот глас и храбро се бореа за своите права, често плаќајќи висока цена за своите идеали.
    Денес, по повод трагедијата во Кочани, студентите повторно се собраа на ова плато да изразат болка, револт и солидарност. Но наместо да бидат чуени, нивните гласови беа замолчувани од оние кои треба да ги застапуваат. Студентите иссвиркуваа, одбивајќи да бидат пасивни слушатели на монолози, во моменти кога нивната болка е погласна од сè! Огромниот број на студенти кои се појавија на платото на УКИМ, не за еден поединец, туку за нивните пријатели, колеги и познаници. За тагата и гневот кои ги чувствуваат како млади луѓе кон системот, кон трулото секојдневие и кон сè што тоне.
    Да си студентски лидер значи многу повеќе од формална функција или титула. Тоа значи да бидеш гласот на илјадници млади луѓе кои ти ја дале својата доверба. Тоа значи да ја браниш нивната слобода, достоинство и глас.
    Ви се обраќаме на вас, на студентските претставници! Вие не сте таму заради популарноста, а ниту заради министрите, ниту заради ректорите или политичарите. Вашето место не е во нивна сенка, туку во првите редови на студентската борба! Никој од центрите на моќ – ниту ректоратот, ниту министерството, ниту политичарите – никогаш нема да го чуваат вашиот грб. А вие не сте таму заради нив. Вие сте таму само и единствено само, заради студентите. Тие се вашата сила, и вашата единствена вистинска поддршка!
    Историјата нè учи дека секогаш кога студентските движења биле независни од политиката, постигале значајни победи. Од моменти кога била газена студентската автономија, до моменти кога студентите требале да покажат каде им е навистина местото. Токму затоа платото на УКИМ е свето место. Сведок и симбол на сите битки кои студентите ги воделе за подобро општество.
    Денешниот собир не смееше и ниту еден нареден не смее да биде политизиран. Студентите не може и не смее да бидат предмет на калкулации или интереси.
    Студентскиот збор вреди онолку колку што ќе го браниме со страст, достоинство и непоколебливост. Затоа денес јавно прашуваме: Колку вреди студентското достоинство?
    Пред само еден месец одбележавме пет години откако го создадовме студентското организирање заедно со студентите. Движење кое произлезе од искрената желба за вистинско претставничко тело, што ќе ги застапува студентските интереси низ лавиринтите на факултетите, универзитетите и министерствата. Денес повеќе од кога било, е јасно дека ова тело мора повторно да биде она што беше замислено – независен глас кој ќе биде верен само на студентските идеали.

  • Лицата со попречености делеа Осмомартовски честитки

    Беа вредни и изработија минатата недела 90 Осмомартовски честитки лицата со попречености кои се членови на Здружението за церебрална парализа и други попречености во Велес, Денеска дел од нив се радуваа додека своите рачни изработки ги делеа на своите сограѓанки. Кој им помагаше и каква цел имаат појаснува Далиборка Златева,…

  • Редовно годишно изборно Собрание на извиднички одред “Димитар Влахов“

    Со едно минутно молчење поради големата трагедија во Македонија на 16.03.2025 год. (сабота) во големата сала на во Домот на НВО во Велес се одржа редовното ИЗБОРНО годишно собрание на извиднички одред “Димитар Влахов“. На годишното изборно собрание беа разгледан и усвоен наративниот и финасискиот извештај за работата на одредот…

  • Сега е време за одговорност и солидарност.

    Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите млади луѓе во несреќата што се случи во Кочани.
    Истовремено, информираме дека целосно се ставаме на располагање на семејствата на настраданите кои имаат потреба од добивање на правни совети и помош. За таа цел можат да ни се обратат на телефонскиот број +389 2 3119 073.
    Во периодот што следува Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе ја следи истрагата и постапувањето на надлежните институции. Од тие причини очекуваме транспарентност и информирање за преземените дејствија и утврдената фактичка состојба.
    Очекуваме за утврдените незаконитости да следува соодветна одговорност за сторителите.
    Апелираме политичките партии да се воздржат од меѓусебни обвинувања и да се стават во функција на јавниот интерес.
    Сега е време да се покаже одговорност и солидарност.

  • „Граѓанските организации во акција за климатските промени“

    Во рамки на програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, имплементирана од Eko-svest, а финансирани од Шведска, со цел подобрување на комуницирањето за климатските промени помеѓу сите засегнати страни, во насока на зголемување на знаењата и информациите за овие теми кај надлежните институции и граѓанските организации коишто работат на темите за постигнување на зацртаните климатски цели на земјата и подигнување на свеста кај граѓаните, од 13-14 март во Скопје, учество зедоа и претсавници од РЕЦ Resource Environmental Center – REC North Macedonia.Меѓу останатите, имаше присутни од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Бирото за развој на образованието, претставници на општини и претставници од граѓански организации и иницијативи. Присутните два дена работеа заедно за лоцирање на целните групи, креираа пораки за одреден проблем и можни решенија за надминување на пречките во комуникацијата помеѓу институциите и помеѓу институциите и граѓаните, но и дефинирање на заедничка визија за она што се комуницира, како и со кој со цел подобрување на знаењето за климатските промени кај сите целни групи.Од оваа работилница ќе произлезе документ за политики, којшто ќе содржи препораки од сите засегнати чинители за начинот на кој темите за климатски промени, мерките за климатска акција и климатските цели ќе се комуницираат помеѓу нив и кон јавноста.#climateresilience

  • Работилница на тема „Техники за трансформација на биоотпадот”

    Дали знаете од што се добива биодизел? Ги прашавме нашите мали истажувачи кои дојдоа од ООУ “Вера Цири Вири Трена” од Општина Карпош. Ајде да видиме, ги поканивме учениците. По завршувањето на работилницата учениците си отидоа дома побогати за со уште едно искуство.
    На 14 март 2025 год. се одржа работилница со основното училиште ООУ “Вера Цири Вири Трена” од Општина Карпош. Учениците и Експетрите заедно правеа биодизел, пектин и биофилм од кора од компири и дискутираа за значењето на циркуларната економија.

    Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, одржавме уште една успешна едноденвна Работилници на тема „Техники за трансформација на биоотпадот” со основните училишта од Скопје.

    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

  • Трибина на тема: Насилството и жените со попреченост

    Трибина на тема: Насилството и жените со попреченост по повод кампања “16 дена активизам против родово базирано насилство“. Потсетуваме дека секој ден треба да ја водиме борбата за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата. Да создадеме свет каде секоја жена ќе се чувствува безбедна, почитувана и моќна, свет…

  • Функционирањето на младинскиот центар во Велес

    На 11.3.2025 год. (вторник) во рамките на попладневната програма на МРТ – Програма на градовите, старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев ја престави работата на младинскиот центар кој е коалиционо формиран до страна на Фондацијата “Фокус“ и извидничкиот одред “Димитар Влахов“, а во соработка со…

  • АХМЕД ЌАЗИМИ: ВЛАДАТА ОВАА ГОДИНА ИЗДВОИ ДВОЈНО ПОВЕЌЕ СРЕДСТВА ЗА НАУКА

    Во интервју во рамките на проектот „Застапување за инклузивен развој“, поддржан од Civica Mobilitas, раководителот на Секторот за високо образование при Министерство за образование, Ахмед Ќазими, детално ги изложува напорите на Министерството за образование за приближување на образовните политики кон европските стандарди. Тој вели дека Владата е решена да ги зголеми инвестициите во развојот на истражувачко-научната дејност и, во таа насока, во буџетот за 2025 година се предвидени 680 милиони денари за наука, во споредба со минатата година, кога за оваа цел беа издвоени 380 милиони денари.
    „Овој тренд на зголемување на буџетот за наука ќе продолжи и во наредните години“, вели тој.
    Казими додава дека Министерството за образование активно работи на подигнување на свеста за значењето на Болоњскиот процес преку мултидимензионален пристап, додека меѓусекторската синергија ја гледа не само во насока на зголемување на институционалната ефикасност, туку и во зајакнување на демократскиот карактер на јавните политики.
    Во однос на признавањето на квалификациите за високо образование во Западен Балкан, тој истакнува дека многу скоро ќе започне имплементацијата на Договорот за автоматско признавање на академските квалификации, а подоцна и на професионалните квалификации по пристапувањето на земјата во ЕУ.

    Во процесот на преговори за членство во ЕУ е и Кластер 3, кој содржи поглавја кои се однесуваат на неопходните реформи за хармонизација на нашиот со европскиот образовен систем. Што може вие да направите во овој правец?
    Ахмед Ќазими: Процесот на пристапување кон ЕУ бара усогласување на образовните политики со европските стандарди, а Кластер 3 е клучен во оваа насока. Министерството за образование и наука активно работи на реформи кои вклучуваат подобрување на квалитетот на наставните програми, дигитализација на образованието, зголемување на мобилноста на студентите и академскиот кадар, како и признавање на квалификациите во рамките на Европскиот простор за високо образование.
    Во овој контекст, ќе продолжиме со имплементација на Европската рамка за квалификации, унапредување на стручните училишта и подобрување на финансирањето на научните истражувања. Исто така, ќе ја засилиме соработката со универзитетите во земјите-членки на ЕУ за да овозможиме поголема конкурентност и признавање на нашите дипломи во Европа.
    Нашата цел е да создадеме образовен систем кој ќе ги подготви младите луѓе за успешен настап на пазарот на трудот и ќе обезбеди повисоки стандарди во сите нивоа на образование.
    Како да се убедат властите и јавноста за потребата од интерсекторската методологија на пристапување, со посебен фокус на темелните вредности како право на студирање, право на работа и право на добра администрација?
    Ахмед Ќазими: Истражувањата покажуваат дека интерсекторската синергија не само што ја зголемува институционалната ефикасност, туку и го зајакнува демократскиот карактер на јавните политики, овозможувајќи инклузивен и холистички развој на општеството.
    Во овој контекст, комуникацијата со јавноста и засегнатите страни треба да биде трансформативна, а не само информативна. Тоа подразбира користење на мултимодални пристапи – од експертски конференции и јавни дебати до интерактивни дигитални платформи – со цел да се креира колективна свест за вредностите и импликациите на ваквиот пристап.
    Дополнително, имплементацијата на пилот-проекти во стратешки избрани образовни и административни институции ќе овозможи емпириска демонстрација на придобивките од интерсекторската методологија, што значително ќе ја зголеми довербата меѓу јавноста и носителите на одлуки.
    Интерсекторскиот пристап не треба да се гледа како алтернативна методологија, туку како стратешка неопходност во современото управување, каде што сите општествени сегменти работат во координација за постигнување на заеднички развојни цели.
    Дали Процесот од Болоња се спроведува како што треба и колку ја нуди основната негова вредност – мобилност?
    Ахмед Ќазими: Имплементацијата на Болоњскиот процес во Македонија е континуиран и динамичен процес кој се развива со целосна посветеност кон усогласување со европските стандарди во високото образование. Направени се реформи во поглед на стандардизацијата на студиските програми, системот на кредити (ECTS) и примената на исходно базирано учење, што претставуваат основни принципи на Болоњскиот систем.
    Мообилноста, како еден од клучните столбови на овој процес институционално е поддржана преку механизми како Erasmus+, билатерални договори и регионални иницијативи, непречено се  реализира, при што секоја година голем број на студенти, наставници и истражувачи од нашите универзитети се дел од разни проекти и програми на мобилност во универзитетите ширум Европа и обратно. Секогаш постои можност да мобилноста да биде на уште подобро ниво.
    Министерството за образование и наука активно работи на намалување на  остранување на административните бариери и сите други видови на пречки се со цел зголемување на бројот на студентите на програмите на мобилност, и тоа преку:
    Унапредување на законската рамка – ревизија на регулативите за олеснување на академската мобилност и зголемување на транспарентноста при признавањето на студиските периоди и дипломите.
    Финансиска поддршка – обезбедување поголеми стипендии за мобилност преку национални и меѓународни фондови.
    Поддршка на институциите – стимулирање на универзитетите да создадат флексибилни студиски програми кои ќе овозможат поголема интероперабилност со европските академски институции.
    Јакнење на соработката со странски универзитети – потпишување нови договори за размена и создавање услови за привлекување странски студенти во нашата држава.
    Веруваме дека преку системски пристап и посветена имплементација на овие мерки, мобилноста ќе стане реална придобивка за секој студент и професор во Македонија.
    Како ќе ја подигнете свеста на стручната и пошироката јавност за важноста на Болоњскиот процес?
    Ахмед Ќазими: Министерството за образование и наука активно ја унапредува свеста за значењето на Болоњскиот процес преку мултидимензионален пристап што ги опфаќа академската заедница, студентите и пошироката јавност.
    Во рамките на универзитетите, систематски се спроведуваат стратешки форуми, панел-дискусии и работилници, каде што универзитетските професори, студентите и релевантните експерти водат конструктивен дијалог за предизвиците и можностите што ги нуди Болоњскиот процес. Овие настани служат како платформа за размена на најдобрите европски практики и за адаптација на успешни модели во нашиот образовен систем.
    Паралелно, Министерството го зајакнува процесот на транспарентност и отчетност преку креирање на дигитални ресурси што ги разјаснуваат процедурите за академска мобилност, признавање на кредити и дипломи.
    Во соработка со меѓународни организации и европски академски институции, Министерството континуирано спроведува иницијативи за зајакнување на меѓууниверзитетската соработка и поттикнување на студентската и наставничката мобилност. Преку програмите Erasmus+, CEEPUS и билатералните договори, сè повеќе студенти и наставен кадар имаат можност да ги прошируваат своите академски и истражувачки хоризонти во рамките на европскиот образовен простор.
    На национално ниво, Министерството постојано иницира структурирани консултации со студентските организации, наставниот кадар и стопанските комори, со цел да се постигне поширока свест за значењето на Болоњските принципи и нивната улога во создавањето компетентен и конкурентен кадар.
    Преку овие мерки, Министерството осигурува дека Болоњскиот процес не останува само формален механизам, туку суштински инструмент за подигнување на квалитетот на високото образование и зголемување на неговата атрактивност на европско и меѓународно ниво.
    Зошто во регионот се уште имаме административни бариери кога станува збор за признавање на дипломите? Што треба да се направи за да се тргнат истите?

    Ахмед Ќазими: Во делот за признавање на дипломи било тие да се високообразовни квалификации (прв, втор и трет циклус , кавалификации стекнати во дејноста средно или основно образование не постојат административни бариери него тие се постапки кои се уредени согласно нашите закони, подзаконски акти или друго. Сите знаеме дека нашата земја стреми кон дигитализација што автоматски подразбира олеснителни околности за сите услуги кои ги користат нашите граѓани а и странските. Имено, што се однесува за признавање на високообразовни квалификации во Западен Балкан вој најскоро време ќе почне да се применува Договорот за автоматско признавање на академски квалификации и подоцна и за професионални квалификации по влез на нашата земја во ЕУ од кои земји и ги имаме  претежно поднесените апликации во нашиот портал.
    Ние имаме околу илјади граѓани кои активно бараат работа, но од друга страна има недостаток на кадар за над 10 илјади слободни работни места. Дали нашиот образовен систем одговара на потребите на пазарот на труд?
    Министерството за образование и наука активно презема чекори за поефикасно усогласување на образовниот систем со динамиката на пазарот на труд.
    Во таа насока, во соработка со стопанските комори, работодавците и високообразовните институции конитинуирано и  системски работи на модернизација на наставните програми, воведување на дуално образование, како и на поттикнување на студиските програми и обуките што одговараат на реалните потреби на економијата.
    Со цел да се идентификуваат клучните професии и дефицитарните кадри, редовно се спроведуваат анализи за состојбата на пазарот на труд, врз основа на кои се прилагодуваат квотите за упис во средните стручни училишта и универзитетите. Особено внимание се посветува на развојот на ИТ-секторот, техничките науки, медицинските струки, како и квалификациите во занаетчиските и производствените индустрии, каде што недостигот на работна сила е најизразен.
    Дополнително, активно се работи на проширување на дуалното образование, кое овозможува учениците и студентите да стекнат практични вештини преку директно учество во работните процеси кај компаниите. Преку интензивирање на вакви партнерства, младите стекнуваат релевантни компетенции, што значително ја зголемува нивната конкурентност на пазарот на труд.
    Министерството, исто така, вложува во системско подобрување на професионалната ориентација на учениците, со цел младите уште во текот на средното образование да имаат јасна слика за реалните можности на пазарот на труд и перспективите што ги нудат различните образовни профили.
    Земјата одвојува помалку од 1% од БДП за наука и иновативен развој. Како се одразува оваа во поглед на целокупниот развој? 
    Ахмед Ќазими: Инвестицијата во науката и иновативниот развој претставуваат еден од клучните структурни предизвици за долгорочната одржливост на економскиот и општествениот напредок. Владата е одлучна да ги зголеми инвестициите за развој на научно – истражувачката дејност и во оваа насока, во буџетот за 2025 година се предвидени 680 милиони денари за наука, споредбено со минатата година кога за оваа намена имаше 380 милиони денари. Овој тренд на раст на буџетот за наука ќе продолжи и во наредните години.

    Текстот е работен во рамки на проектот „Застапување за инклузивен развој“, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.  
    Содржината на овој текст е единствена одговорност на Форум за разумни политики, ИОХН и БИРС и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор