[Aggregator] Downloaded image for imported item #42999

Завршен настан „Паметно зелено село за одржлива иднина“

Денес во Ропотово официјално ги промовиравме резултатите од проектот Паметно зелено село за одржлива иднина, кој се реализираше со поддршка од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан. На настанот беа презентирани клучните постигнувања на проектот, како и наодите од предфизибилити студијата за утврдување на потенцијалот на селото и околината за изградба на соларна фарма – важен чекор кон локално производство на чиста, обновлива енергија.

На настанот се обрати Весна Шапкоски, извршната директорка на здружението, која ги презентираше активностите на проектот и клучните постигнувања, вклучувајќи ја успешната имплементација на шесте едукативни работилници, воспоставувањето на Зелен Ресурсен Хаб, како и процесот на колективно компостирање со првиот произведен органски хумус кој беше споделен со жителите, институциите и бизнис заедницата.

По презентацијата на проектот, свое излагање имаше Андреј Стојкоски, дипломиран градежен инжинер и еден од авторите на предфизибилити студијата. Тој ги презентираше клучните наоди од студијата, потврдувајќи дека Ропотово има значајни природни и просторни предиспозиции за развој на модерен енергетски капацитет, кој ќе придонесе кон одржлива енергетска иднина на заедницата.

Настанот продолжи со дискусија и планирање на следните чекори за развој на зелени енергетски решенија, вклучувајќи можност за идни локални проекти за соларна енергија, како и дополнителни активности за поддршка на одржливото земјоделство и управување со отпадот.

Со заеднички ангажман и идни активности продолжуваме да ја градиме визијата за посилни, паметни и енергетски одржливи рурални заедници.

Активноста се реализираше во рамки на проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“, кој се спроведува со поддршка од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор