[Aggregator] Downloaded image for imported item #42174

Повик за учесници на Осма школа за европски политики

Тема на Школата: Животна средина и климатски промени – 27 преговарачко поглавје на Македонија со Европската Унија

Школата за европски политики е традиционална активност на Евротинк која се одржува секоја година. Целта на настанот е да придонесе кон подобро разбирање на процесот на ЕУ интеграции помеѓу претставниците на граѓанските организации, медиумите и други чинители.

Темата на годинешната школа произлезе како највисок интерес и приоритет  на граѓаните. Евротинк ова сознание го доби од серијата спроведени 16 тематски тренинзи, реализирани во текот на 2024 и 2025 година во рамки на истиот проект.

Во фокусот ќе бидат ставени потребните чекори кои треба да се преземат во Македонија за овие прашања да добијат поголемо внимание и конкретни интервенции, особено во контекст на постојаното воздушно загадување, управувањето со отпадот во урбаните средини, чистотата на реките и подигнувањето на јавната свест и култура кај граѓаните. Особено внимание ќе биде посветено на европската димензија на овие теми, имајќи предвид дека тие претставуваат суштински дел од Поглавјето 27 во преговорите на нашата земја со Европската Унија, кое се однесува на животната средина и климатските промени.

За кого е наменета:

Школата е отворена за претставници на граѓански организации и институции, новинари, медиумски работници, студенти и млади професионалци кои се заинтересирани за животната средина и климатските промени во државата.

Период и начин на имплементација:

Школата за европски политики ќе биде реализирана на 23 и 24 декември (вторник и среда) 2025 година, во Хотел Карпош, Скопје. За селектираните учесници Евротинк ќе ги покрие патните трошоци и сместувањето.

Опфат и придобивки:

  • Учесниците на школата ќе имаат можност да ги надградат своите знаења на теми поврзани со усогласеноста на Македонија со Европската Унија во однос на преговарачкото поглавје 27, животната средина и климатските промени.
  • Како предавачи на школата ќе бидат ангажирани еминентни меѓународни и национални експерти, со специфични портфолија за темата.
  • Сите учесници кои ќе остварат учество на најмалку 80% од вкупното времетраење на Школата ќе добијат сертификати за успешно завршување.
  • Предавањата ќе бидат одржувани на македонски јазик.

Сите останати детали и информации ќе бидат дополнително споделени со селектираните учесници.

Начин на пријавување и селекција:

Заинтересираните учесници треба да испратат работна биографија (ЦВ) и мотивациско писмо и двете на англиски јазик, на е-маил адресата eurothink@eurothink.mk до 12 декември 2025 година, до 16:00 часот.

Евротинк ќе ги селектира и извести учесниците најдоцна до:16 декември 2025 година.

 

Годинешното издание на Школата за европски политики се спроведува во рамки на проектот “Медиумите за ЕУ” – Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, кој Евротинк – Центар за европски стратегии го спроведува во партнерство со АЛДА – Европската асоцијација за локална демократија и БИРС – Балкански институт за регионална соработка со поддршка на Европската Унија и Ана Линдт Фондација. 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Балкански институт за регионална соработка (БИРЦ)

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор