Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Клучни „играчи“ и конкуренција во јавните набавки во здравството

    Истражувањето може да го превземете на македонски, албански и англиски јазик Денес, 23 декември 2025 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Клучни „играчи“ и конкуренција во јавните набавки во здравството во периодот од 2015 до 2024 година. Истражувањето покажа дека: Во последната декада вредноста на јавните набавки во здравството е повеќе од двојно зголемена, додека бројот на фирми што добиле тендер пораснал за само 12 %, што укажува на концентрација на средствата кај…

  • Мрежен состанок „За танго се потребни двајца“ – поттикнување дијалог и соработка

    Локалното застапување добива сѐ поголема видливост и значење, а во таа насока се одржа и овогодинешниот состанок за вмрежување „За танго се потребни двајца“. На настанот учествуваа жени од осум заедници, претставници на невладини организации и советници од Општина Куманово. Овој чекор претставува важен напредок, бидејќи беше воспоставена директна комуникација со советниците како избрани претставници […]

  • Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година

    Годината 2024 во светот беше исполнета со промени што го редефинираа глобалниот политички, економски и општествен пејзаж. Од продолжувањето на руската воена инвазија врз Украина, преку хуманитарната катастрофа во Газа, подемот на крајната десница во европските држави, победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, па сè до бројните политички потреси во САД и […]
    Read More… from Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година
    The post Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Реакција на Блупринт групата и Платформата за борба против корупција: Измените на КЗ создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија

    Иако ја поздравуваме иницијативата за интервенирање во Кривичниот законик, сметаме дека предложените измени, во сегашната форма, не претставуваат вистинско враќање на состојбата пред 2023 година, туку воведуваат нови решенија со сериозни последици по правната сигурност и борбата против корупцијата. Затоа, упатуваме неколку јасни барања: Тековните измени на Кривичниот законик да се ограничат исклучиво на враќање […]
    Read More… from Реакција на Блупринт групата и Платформата за борба против корупција: Измените на КЗ создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија
    The post Реакција на Блупринт групата и Платформата за борба против корупција: Измените на КЗ создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Фер вработување – право, а не врска!

    Во рамки на проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија“, во Кичево се одржа јавна дебата во рамки на иницијативата „Вработување по заслуга, без парична мотификација.“

  • Едукативна работилница посветена на унапредување на здравјето на мајките и децата

    На 18.12.2025 година во Куманово ја одржавме третата едукативната работилница посветена на унапредување на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 14 жени, од кои дел беа во период на бременост, а дел мајки кои се породиле во изминатата година. Во рамки…

  • Едукативни работилници за справување со родово базирано насилство

    Со цел подигнување на свеста и зајакнување на знаењата за родово базираното насилство, во изминатиов период успешно спроведовме три едукативни и интерактивни работилници во Прилеп, Кривогаштани и Долнени, каде се вклучија педесетина млади и жени од овие средини. Периодот на одржување на работилниците се поклопи со глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, со…

  • Објавен е компаративниот извештај за родовата сензитивност на програмите за намалување на штети за млади во Северна Македонија, во Србија и во Чешка

    Колку програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Северна Македонија, во Србија и во Чешка  се родово сензитивни? Колку националните политики во овие земји се специфични и родово трансформативни?  Одговорите на овие и многу други прашања најдете ги во компаративниот извештај “Родовата сензитивност на програмите за намалување на штети од употреба на […]
    The post Објавен е компаративниот извештај за родовата сензитивност на програмите за намалување на штети за млади во Северна Македонија, во Србија и во Чешка appeared first on ХОПС.

  • Инвестирањето како клучна финансиска вештина за младите

    Во просториите на Up Hub Струмица, на 17 декември 2025 година, се одржа едукативно предавање посветено на инвестирањето и развојот на финансиски вештини кај младите. Настанот беше насочен кон практично разбирање на инвестирањето во хартии од вредност и улогата на финансиската едукација во носењето секојдневни и долгорочни финансиски одлуки. Во период кога младите сè порано […]

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор