Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • КАКО КУЈНСКИОТ ОТПАД СТАНУВА ПРИРОДЕН РЕСУРС: РЕЦ, ЕКО ЛОГИК И ФЛОРОЗОН НА ФЕСТИВАЛОТ НА ЦИВИКА МОБИЛИТАС 2026

    Изминатава сабота, на 3-ти октомври 2026 година, градскиот парк пулсираше во знакот на граѓанскиот активизам. Како дел од овогодинешниот Фестивал на Цивика мобилитас, познат како „Ден на граѓанските организации“, граѓаните имаа единствена можност одблизу да се запознаат со луѓето кои се двигатели на позитивни промени во нашето општество.
    Меѓу бројните штандови, посебен интерес предизвика заедничкиот простор на Центарот за ресурси во животна средина РЕЦ, Еко Логик и Флорозон каде што беа изложени производите од учениците кои ги добија од отпад во натпреварот за зелени бизнис идеи. Овие три организации се здружија со јасна мисија – да покажат дека еколошката иднина зависи од секој од нас.
    Интерактивна работилница: Од кујнски отпад до вреден ресурс 
    Главната атракција на нивниот штанд беше интерактивната работилница за преработка и реупотреба на био-отпад. Наместо само да зборуваат за теории, експертите ги вклучија посетителите во реални експерименти за добивање на пектин и био дизел.
    „Дали знаевте дека она што секојдневно го фрламе во кујната може да стане вреден ресурс за природата?“ – беше главното прашање кое ги поттикна присутните на размислување.
    Преку практични примери, граѓаните од сите генерации научија едноставни, но ефикасни начини како драстично да го намалат отпадот во сопствените домови и како органските остатоци да ги претворат во нешто корисно за почвата и растенијата.
     
    Граѓански активизам за циркуларна економија
    Оваа успешна едукативна активност е дел од пошироката рамка на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. Главната цел на проектот е менување на навиките и воведување на одржливи еколошки практики во секојдневието.
    Оваа важна иницијатива е финансиски поддржана од Владата на Швајцарија преку програмата на Цивика мобилитас.
    Фестивалот уште еднаш докажа дека кога граѓанскиот сектор и граѓаните ќе се сретнат на едно место, се раѓаат најдобрите идеи за зелено и одржливо утре.
     
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

  • Пензискиот систем под притисок: реформите може да заштедат 5,5 милијарди евра до 2035 година

    Пензискиот систем на Северна Македонија е под структурен фискален притисок кој веќе е присутен, а не е прашање на далечна иднина. Структурниот дефицит на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување – пензиите, транзициските трошоци за вториот столб и придонесите за здравство, намалени за сопствените приходи од придонеси – во 2025 година достигна 54,4 милијарди денари, […]
    The post Пензискиот систем под притисок: реформите може да заштедат 5,5 милијарди евра до 2035 година first appeared on Finance Think.
    The post Пензискиот систем под притисок: реформите може да заштедат 5,5 милијарди евра до 2035 година appeared first on Finance Think.

  • Документ за јавни политики „Правни и институционални предизвици во областа на шумите и нелегалната сеча“

    Нелегалната сеча претставува сериозен предизвик за одржливото управување и заштитата на шумите, со последици врз животната средина, природните ресурси и владеењето на правото. Ефективното справување со овој проблем бара јасна правна рамка, координирано институционално постапување и ефикасни механизми за превенција и санкционирање. Документот за јавни политики „Правни и институционални предизвици во областа на шумите и […]

  • ПРОГЛАСЕН Е КНИЖЕВНИОТ ИЗБОР „ШТЕФИЦА ЦВЕК #5“ 

    Регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“ по петти пат исцртува една субверзивна и малку поинаква мапа на современата книжевност во регионот. Годинава во конкуренција се најдоа повеќе од осумдесет наслови објавени во текот на 2025 година на македонски и на БХСЦ јазиците. Зад оваа бројка стои…

  • Промо Идеа и Новус ја претставија младинската мрежа за финансиска писменост на фестивалот „Ден на граѓанските организации“

    На 3 октомври 2026 година, во Градскиот парк во Скопје, се одржа фестивалот „Ден на граѓанските организации“, организиран од Цивика мобилитас. Настанот ги поврза граѓанските организации со граѓаните и овозможи претставување на нивната работа, размена на идеи и запознавање со иницијативи за подобрување на животот во заедниците. Програмата опфати интерактивни работилници, едукативни активности, презентации и […]

  • Битка за зелен појас во Кочани: Жителите со „жив ѕид“ ќе ги бранат парцелите, сакаат парк, а не згради

    Наместо парк, згради за домување. Предвидени четири, па потоа, под притисок на граѓаните, сведени на две. Но, никако да се избришат од Деталниот урбанистички план (ДУП) и површината да се искористи за јавно добро…

  • Успешно спроведен првиот модул од Академијата за граѓански организации

    На 29-30 септември 2026 г. во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се спроведе првиот модул од Академијата за граѓански организации, на која учествуваа 17 учесници.  Оваа академија има за цел граѓанските организации кои се опфатени со истата, да ги зајакнат своите организациски капацитети, отпорност и одржливост преку тримесечна програма што…

  • Отворен ден со извидниците во Велес

    Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес остварувајќи ја својата програма за работа за  2026/2027 год., на  3.10.2026 год. (сабота) во Младинскиот парк, организираше “Отворен ден со извидниците“. На овој отворен ден учество земаа две патроли од нашиот одред и на велешката јавност дополнително им преставија дел од активностите кои ги…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор